Проблемот на Јунајтед со тренерите

Ерик тен Хаг, кој вчера доби отказ во Манчестер Јунајтед, ќе добие едно од најголемите обештетувања во историјата на фудбалот.

Сега е јасно зошто челниците на Манчестер Јунајтед се двоумеле да го отпуштат холандскиот стручњак во последните месец дена.

Можеби Ерик Тен Хаг не бил добар менаџер, но затоа има одлични менаџери. Не само што со резултатите ја продлабочи кризата во славниот англиски клуб, туку сето тоа добро ќе го плати.

Доколку се точни вестите кои доаѓаат од Англија и Холандија, отпуштениот менаџер на „црвените ѓаволи“ ќе добие отштета од околу 20 милиони евра.

Порталот voetbalzone.nl ја пренесува објавата на Ричард Мартин, репортерот на Goal.com дека на „Олд Трафорд“ долго размислувале како да го решат проблемот, бидејќи биле свесни дека овој потег ќе ги чини многу пари.

Ричард Мартин објави детали за финансиските трошоци, кои покажуваат дека Манчестер Јунајтед можеше да го отпушти Холанѓанецот за „само“ 12 милиони евра во јуни. Во тоа време, Тен Хаг сè уште имаше договор само до средината на 2025 година.

Сега, околу три месеци подоцна, поранешниот тренер на Ајакс добива многу повеќе пари. Според информациите на Мартин, Тен Хаг може да смета на отпремнина од најмалку 20 милиони евра. Секако, сето тоа има врска со претходното продолжување на договорот, кое се случи на почетокот на јули.

Мартин направи уште една опсервација. Тоа е приближно половина од сумата што клубот ја заштеди со отпуштање на 250 вработени. Манчестер јунајтед направи се за да ги намали трошоците во последните месеци, но ова што се случи со Тен Хаг е сериозен удар за клубот.

Од 2013 година кога си замина сер Алекс Фергусон клубот го предводеа, покрај Тен Хаг и Дејвид Мојс, Луи ван Гал, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер. Интересно, сите беа отпуштени.

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ потрошиле 70 милиони фунти (околу 84 милиони евра) само за отштета за отпуштените менаџери.

Јунајтед минатата сезона заврши на осмото место во Премиер лигата, што е најнизок пласман од 1990 година. Сепак, со освојувањето на ФА Купот, клубот директно се квалификуваше за Лига Европа, што ги натера челниците на клубот да ја активираат едногодишната опција за продолжување на договорот на Тен Хаг, што се покажа како исклучително лоша проценка.

Во моментот на отказот на Тен Хаг, „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 14. место на табелата во Премиер лигата, со само 11 бодови од девет натпревари.

реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Фудбал

Парадокс на Итихад: Вториот најдобар стрелец на Сити не ни игра за Граѓаните

Read more

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Read more

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Read more

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Read more
 

Спорт

Парадокс на Итихад: Вториот најдобар стрелец на Сити не ни игра за Граѓаните

Читај повеќе

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Читај повеќе

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе