
Bugatti Chiron Profilée е последниот примерок на Bugatti без дополнителен електричен мотор, излезе од фабриката во Molsheim без однапред познат купувач.
Овој автомобил е продаден на аукција за 9,8 милиони евра, без даноци, пишува Telegraph.

Веќе навикнавме Rimac и Bugatti да уриваат светски рекорди во различни категории, а во таа низа неделава се приклучи уште еден.
Уникатниот Bugatti Chiron Profilée беше продаден на аукција во Париз за 9.792.500 евра, со што официјално стана најскапиот нов автомобил некогаш продаден.

Да напоменеме и дека во наведената цена не е вклучен данок, па купувачот ќе плати вкупно околу 12 милиони евра за своето ексклузивно Bugatti.