Продавачка во Хрватска откри 18 килограми кокаин меѓу кутии со банани

Кокаин скриен меѓу пакети со банани утрово беше најден во продавница во Плоче, Хрватска.

Кокаинот што бил скриен меѓу кутиите со банани, го пронашол вработена во продавницата во Плоче, која веднаш викнала полиција.

Постојат шпекулации меѓу жителите на Плоче за тоа како кокаинот влегол во продавницата, но засега нема докази дека тој е поврзан со неодамнешната рекордна заплена на кокаин од Еквадор кој пристигна во пристаништето Плоче каде што беше запленет.

Во попладневните часови, од полицијата ги потврдија претходните информации дека биле пронајдени 18 килограми кокаин

„Утрово околу 7 часот, полициското одделение Дубровник-Неретва доби извештај од трговски синџир во Плоче за пронаоѓање сомнителна супстанција меѓу пакетите во кои имало банани“, пишува полицијата.

„Полициските службеници излегоа на местото на пријавата и со прелиминарно вештачење утврдија дека станува збор за кокаин. Пронајдени се 16 пакувања во кои бруто биле измерени 18,2 килограми кокаин. Полициските службеници го запленија пронајдениот кокаин и започнаа да спроведуваат кривична истрага“, се вели во соопштението на полицијата.

Ова откритие, како што е познато досега, нема никаква врска со настанот од пред неколку месеци, кога беа пронајдени 56 килограми кокаин меѓу банани во пристаништето Плоче.

По завршувањето на истрагата, УСКОК поднесе обвинение против Оливер Чокара (47), Анџело Оргулиќ (35) и Горан Бебиќ (41) пред Окружниот суд во Сплит, за шверц на 56 килограми кокаин од Еквадор преку пристаништето Плоче.

Обвинителството, без да ги наведе идентитетите на обвинетите, објави дека трите лица биле обвинети за поврзаност со непознато лице од Еквадор и еден купувач, од март 2020 година до 6 март годинава за шверц на кокаин од Еквадор и негова понатамошна препродажба во Хрватска. УСКОК прецизираше дека Чокара се договорил со непознато лице да купи и земе кокаин, што непознатото лице од Еквадор, во согласност со нарачката, го сокрило во ладилниот дел од контејнерот во кој една компанија увезувала банани преку пристаништето Плоче, од Еквадор.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе