Продолжија протестите против расизмот во САД, се уриваат статуи на политичари и генерали расисти

МИА/КАЈГАНА
/ 04.06.2020 / 08:47

Продолжија и сè побројни стануваат протестите против полициското самоволие во САД, иако насилството практично запре, а резултат на сето видено се урнати статуи на расистички политичари и генерали.

Во Вашингтон синоќа демонстрантите мирно го изразија својот гнев против убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд минатата недела во Минеаполис, од страна на полицацеот Дерек Шовен, кој подоцна беше уапсен и обвинет за убиство. Неговата безмилосна постапка беше оценета какло немилосреден чин, што уште еднаш укажува на длабоко вкоренетата дискриминација на црномурестите луѓе во американското општество.

Протестите почнаа со марш од Епископската црква Свети Јован, во близина на Белата куќа, и се одвиваа по улиците на градот, а на нив се скандираше „Нема правда, нема мир“, „Црните животи се важни“, „Не за расизам и расистичка полиција“, или „Ова е демократија“.

Забележливо е зголеменото присуство на полицијата и војската во центарот на Вашингтон, со десетици воени камиони распоредени на кварт од Белата куќа, во круг блокирајќи секакво движење кон резиденцијата. Дел од градот кој порано беше окупиран од туристи кои се фотографираа пред оградата на Белата куќа, сега наликува на Бејрут.

Над зградите постојано надлетуваа хеликоптери и го следеа движењето на маршот.

Критиките кон претседателот Доналд Трамп за милитаризација и правење „тврдина“ од Вашингтон доаѓаат од сите страни.

Така на пример, не согласување со тоа што синоќа се одвиваше во Вашингтон пристигна и од министерот за одбрана, Марк Еспер, кој им наредил на ангажираните трупи, околу 200, да заминат дома. Неговата позиција засега останува несигурна, и можно е да слушнеме за оставка, со оглед на незадоволството од одлуката во Белата куќа.

Резултатот од бранот протести во САД против дискриминацијата на другите етнички заедници е уривање на статуи и спомен обележја на истакнати политичари и генерали, кои останале познати и по својот расизам. Во два града во САД, Филаделфија и Ричмонд, донесени се одлуки за уривање на такви споменици.

Така, во Филаделфија во текот на завчерашната ноќ беше тивко размонтиран споменикот на Франк Ризо, поранешен градоначалник и полициски комесар од 1967 до 1980 година, кој застапувал политика на „убивање на црнците“, како начин да се спречи криминалот во градот. А бил и хомофоб.

Во Ричмонд пак, се разгледува барањето за отстранување на статуата на Роберт Ли, генерал на Конфедеративната армија од 19 век. 

Некои се веќе урнати откако претставници на белите супрематисти (групи кои поддржуваат надмоќ на белата над црната раса), во 2015 година убија девет лица, Афроамериканци, во црква во Јужна Каролина, за време на курсеви за изучување на Библијата. Истите групи во август 2017 организираа насилен митинг во Шаролствил, Вирџинија, при што загина едно лице.

Убиства на Афроамериканци од страна на бели полицајци во САД се случуваат од година во година. Случаите поврзани со грабежи, поседување дрога или оружје понекогаш се сериозни, но многу почесто банални. Додека, речиси половина од затворската популација во земјата, најбројна во светот (во 2016 година броела 2.2 милиони), е составена од Афроамериканци, а 20 отсто од затворениците се Јужноамериканци.

Протести против полициското самоволие и расизмот синоќа се одвиваа во десетици други градови на САД, со забележливо отсуство на инциденти. Во некои градови како Њујорк, имаше апсења поради нарушување на полициски час од страна на демонстрантите. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе