Продолжува кампањата „Дома си е дома“, фаворит е Охрид

Охрид, 18 јуни 2020 (МИА) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денеска во Охридскиот регион продолжи со активностите од кампањата „Дома си е дома“, во чии рамки се снимаат десет видеоспота наменети за привлекување гости како и за промоција на повеќе од 50 туристички атракции во земјата.

– Кампањата „Дома си е дома“ во различни форми веќе се спроведува повеќе од еден месец, како преку социјалните мрежи така и преку профилите на Агенцијата и на интернет страницата „Македонија тајмлес“ каде познати личности препорачуваат каде да се поминат годишните одмори тука во Македонија. Фаворит е Охрид и се надевам дека голем број туристи ќе го одберат токму охридскиот регион како дестинација, рече директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Тој порача дека Македонија има многу убавини што вреди да се посетат, од Охрид, Струга, потоа националните паркови со најрановидни форми авантуристички туризам, потоа посета на руралните средини…

Јаневски смета дека цените на угостителските и сместувачките услуги, односно аранжманите да бидат прилагодени на стандардот на граѓаните во земјата, да бидат соодветни на услугата, категоризацијата на сместувањето, квалитетот што се нуди, прилагодени на актуелната ситуација наметната од епидемијата.

– Активно контактираме со одредени тур-оператори кои сѐ уште не ги откажале туку одложиле аранжманите за Охрид и Македонија. Очекувам веќе во месец август доколку има релаксирање на ситуацијата и доколку Македонија стане безбедна дестинација за што мора сите да придонесеме, да можеме покрај домашни во Охрид да видиме и странски туристи, рече тој.

Што се однесува на ваучерите од 6.000 денари наменети за одмор во Македонија, беше истакнато дека тие се за лица со примања под 15.000 денари.

– Тие лица и нивните семејства со оглед на кризата оваа година можеби немаше вооошто да се решат да одат на одмор. Очекуваме со таа мерка и помошта да си дозволат неколку дена одмор во домашните туристички центри. Ваучерите ќе можат да се користат во сите категоризирани сместувачки капацитети и објекти, доколку се регистрираат на платформата при Министерството за економија, рече Јаневски.

Тој апелираше до граѓаните да се однесуваат кон државата, како што нагласи „како кон мајка“, преку регистрирање на сите ноќевања, да се уплаќа туристичката такса, да се издаваат фискални сметки, за државата потоа да може да врати онолку колку што сме вложиле во неа“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе