Продолжува мерката за полициски час, активни 15.131 случаи на COVID-19

Полицискиот час од 22 до 5 часот, кој истекуваше денеска, ќе продолжи да важи. Како што информираа вчера за МИА од Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки.

Со Одлука на Владата, полицискиот час беше воведен на 10 март, а целта беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, и по домови после затворањето на угостителските објекти, зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

Комисијата за заразни болести и министерот Филипче очекуваат на почетокот од неделава резултати од полицискиот час воведен пред 12 дена, од кои ќе зависи новата проценка за воведување рестриктивни мерки, а кои би значеле евентуално  зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти.

Во меѓувреме, во вчерашниот Ковид – билтен, по направени 2.730 тестирања,  регистрирани се 642 нови случаи на COVID-19, починале 25 лица, а оздравени се 524 пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Од новодијагностицираните најголем број се во Скопје 321, а со двоцифрена бројка се и Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22 и Охрид – 20.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1.329 пациенти со COVID-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид-центрите,

Од Министерството за здравство информираат и дека поради зголемениот број пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворен е и Ковид – центарот на Клиниката за пластична хирургија.

Во тек е вакцинација против COVID-19 на здравствените работници. Според податоците објавени на сајтот kovid19vakcinacija.mk , досега против Ковид се вакцинирани 6.142 здравствени работници, а вкупно пријавени граѓани за вакцинација преку сајтот vakcinacija.mk се 111.014.

Сто македонски новинари утре во Врање ќе имаат можност да се вакцинираат против коронавирусот, а потоа и да се ревакцинираат.. Веста ја потврдија од Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ а вакцинацијата е на молба на Здружението на новинари на Србија (УНС) по барање на Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на COVID-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 119.378. Бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати  3 473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе