Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Кале кај Стари Град

Екипа на Народниот музеј од Велес под раководство на кустосот Анита Василкова Мидоска, од средината на септември работи на археолошките истражувања на локалитетот Кале кај село Стари Град.

Главниот фокус е продолжување на истражувањето почнато во 2018 година.

Василкова Мидоска за МИА информира дека со овие истражувања кои ќе траат до средината на октомври се очекува да се согледа мал дел од античката населба и да се надополни историската слика на овој простор кој во антиката бил една од главните комуникациски мрежи што воделе до Пелагониската рамнина.

Сознанијата иницираат дека посочениот простор бил населен подолго време, а засега според археолошките наоди може да се констатираат траги на интензивно живеење во периодот од 2 век п.н.е. па с доеѐ средновековниот период, односно до 14 век од нашата ера.

– Со претходните истражувања беа делумно откриени архитектонски остатоци (ѕидови) кои сугерираат постоење на најмалку три објекти изведени во различна техника на градење со употреба на камен и кал со неколку фази на ремоделација на објектите, а движните археолошки наоди воглавно припаѓаат на перидот на 3-5 век н.е. иако има спорадични наоди и од 2-1 век п.н.е., појасни Василкова Мидоска.

Таа информира дека од движните наоди најмногу е застапена керамиката односно садови кои биле во употреба во секојдневието на античкиот човек и во најголема мера се локална продукција која ги отсликува тогашните трендови на производство и креација, а се откриени наоди од метал.

Годинашните истражувања на овој локалитет претставуваат дел од Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес за 2020 година на Министерството за култура, за што ЛУ Народен музеј од Велес доби 200 илјади денари.

Истражувањата на локалитетот се почнати уште од 2005 година со повремени паузи и досега се остварени четири истражувачки кампањи (2005, 2006, 2015 и 2018).

Локалитетот Кале кај Стари Град  е лоциран на најнискиот северен огранок на планинскиот масив Соколчица кој е само продолжение на планината Руен на десната страна на реката Бабуна во непосредна близина на новоформираната населба Стари Град.

– Поради својата геостратешка положба локалитетот егизистирал низ долг хронолошки период од енеолитот па сѐ до средновековниот период, за што сведочат и досегашните сознанија добиени од археолошките истражувања, вели Василкова Мидоска.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе