Проја со ајвар ГУРМАНО

Рецепт на Блашка Стојкова

Состојки:

200 мл јогурт

400 г брашно

100 мл масло

2 јајца

1 прашок за печиво

1 лажиче сол

2 лажици ајвар Гурмано

120 г чадено месо

120 г кисели краставички

120 г сирење

Подготовка: Во вангла се кршат јајцата и се додаваат јогуртот, маслото и солта. Смесата се соединува со жица, па се додаваат брашното, прашокот за печиво, ајвар Гурмано, чаденото месо, сирењето и киселите краставички. Смесата повторно се меша за убаво да се соедини, па се истура во плех и се става да се пече во загреана рерна. Се пече 15 минути на 180°С.

Кога се зборува за ајвар, често се раскажува приказната за крадците што требало да ја откажат планираната „акција“, кога виделе дека домашните немаат намера да си легнат, да спијат. Одлуката била неизбежна, кога колегата пуштен во извидница им рекол: „Откажете за друг ден. Јадат леб, ајвар и сирење“. Ете, со таков ајвар си имаме работа. Осамете се со него и пуштете го да ви раскаже, да го гради вашиот монолог: „Ајваров ми е... тамам... Ајвар како што треба... само од пиперки...“. Веќе ви е јасно. Му фали само едно. Убав леб! И сирење. И јогурт! Се приближувате кон теглата, сакајќи да отпловите со аромата. Како да бил пред малку нацрпен од тенџерето, квечерината, вториот ден од семејниот собир кога се прави ајвар. Тој, старински вкус... „И старински и домашен“, се надоврзал некој, кој штотуку ви се придружил на трпезата.

gurmano.mk

*Промотивен текст

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе