Пролет на FilmBox со филмови базирани на вистински приказни

Дали најфиното момче во малиот град може да биде убиец?

Филмот „Берни“ е базиран на вистинската приказна за Скип Холандсворт, која се појавила во списанието „Texas Monthly“. Тој заедно со режисерот Ричард Линклејтер, го напишал сценариото, а во една прилика самиот Холандсворт рекол дека: тој, мислејќи на режисерот, „знаеше веднаш дека ова е приказна што мора да ја сними“.

Многубројните интервјуа, што следеа по снимањето на  „Берни“,  го покажаа извонредниот хумор на Ширли Меклејн. Во вистинскиот живот таа воопшто не наликува на злобната и полна со омраза Марџори Нугент. Меклејн игра подла вдовица на милионер со која се дружи многу помладиот и во гратчето омилен помошник директор на погребалното претпријатие, Берни Тиеде.

Џек Блек за улогата на Берни освои Златен глобус за најдобра актерска изведба. Тој го претстави Тиеде како откачен, пријателски настроен човек кој пее во црковниот хор, им помага на локалните жители да започнат бизнис и е омилен во малата изолирана заедница.

Улогата на Берни ја посакувал и Метју Меконахи, тешко дека во билокоја друга ситуација Меконахи и Блек би се пријавиле за иста улога, едноставно Берни е посебен. Сепак, Линклејтер го избрал шармантниот Меконахи да го игра Дени Бак Дејвидсон, тврдокорниот окружен правобранител со каубојски стил кој во суштина служи како антагонист на Берни.

Ако ги споредите на сликата подолу Џек Блек, вистинскиот Берни Тиеде во средина и Метју Меконахи, ќе се согласите дека режисерот направил одлична распределба на улогите. 

„Берни“ доби 10 награди и 19 номинации на престижни фестивали само во првата година на прикажување. Не го пропуштајте на 15.05 на  FilmBox Extra во 21:00 часот.

Дождот како метафора на една душевна состојба

Филмската драма „Спасувајќи ја Грејс Б. Џонс“,  е инспирирана од трауматична епизода од детството на режисерката Кони Стивенс. Во 1950-тите една траума го поттикнува нејзиното семејство да ја испрати од „кафеавите улици на Бруклин“ во куќа во Мисури, во која живее луда жена. Филмот прикажува едно време многу поразлично од нашето, еден период без  фини социјални служби и детски психолози. На филмот се работело со многу страст и потребни биле  четири години да се сними, а уште четири за да стигне до прикажување на големото платно.

Филмот, има порака и за менталното здравје: „Сѐ уште имаш шанса само ако се прибереш“, ѝ вели Беа на Грејс, откривајќи суштински недостиг на разбирање за душевната состојба, нешто што веројатно било честа појава во тоа време. Сепак, повеќето од она што Стивенс го смислила е тешко да се сфати. Ликовите имаат интересен однос кон дождот кој служи како своевидна метафора на емоционалното тонење „што се заканува да го удави градот Мисури“. Понекогаш врне само на половина фрејм,  понекогаш луѓето што излегуваат се мокри, понекогаш не се; понекогаш се мокри, а не врне. Сето тоа го екстернализира она што го носат во себе. 

Дајте ѝ шанса на Тејтум О Нил во „Спасувајќи ја Грејс Б. Џонс“ на 14.05 во 21:00 часот на FilmBox Stars.

Раскажаувачот на туѓи приказни

Филмот на Роман Полански „The Ghost Writer “ зборува за јавна личност, некогаш за восхит, сега омаловажувана, стравувајќи од прогон, ограничена на виртуелен домашен притвор и тоа на место за одмор за богатите луѓе.

Духот (Еван Мек Грегор) заработува за живот раскажувајќи туѓи приказни. Тој има околу 40 години и е специјализиран за пишување биографии на познати луѓе. Добива профитабилна понуда да ја заврши автобиографијата на Адам Ланг, поранешниот британски премиер (Пирс Броснан). Претходниот “ghost writer” на книгата неодамна умрел под неразјаснети околности и материјалите што ги оставил не се погодни за објавување. Духот би требало да ѝ ја даде конечната форма на книгата. Кога пристигнува на островот каде што се наоѓа замокот на поранешниот премиер, тој треба да се соочи со политички скандал. Откривањето на тајните стари односи на Ланг, го става неговиот живот во опасност.

„The Ghost Writer“ има дел од малигната атмосфера на славните денови на Полански. Има прекрасна хипер-реална финална слика на ветровитата улица во Лондон, филмска фотографија која наликува на „Лудило“ на Хичкок, каде што се случува нешто ужасно зад камерата. Ова исклучително филмско дело гарантира дека Полански е далеку од завршеток на својата режисерска кариера.

Не сакате да го пропуштите “The Ghost Writer” на 21.05 во 21:00 часот на  FilmBox Extra.

„Професорот и лудиот човек“

Холивудските асови Мел Гибсон и Шон Пен се појавуваат во главните улоги во приказната базирана на книгата на Симон Винчестер чие прво издание било насловено „Хирургот од Крауторн: Приказна за убиството, лудилото и љубовта кон зборовите“. Насловот бил променет во „Професорот и лудиот човек: приказна за убиството, лудилото и изработката на англискиот речник во Оксфорд“ кога книгата била објавена во САД и Канада.

Постои приказна зад сè, и во овој случај, станува збор за изработката на англискиот речник во Оксфорд. Книгата е категоризирана како биографија, но читателите ја опишуваат како детективска мистерија. 

Филмот „Професорот и лудиот човек“ е приказна за Сер Џејмс Мареј. Тој бил главен и одговорен уредник за создавање на сеопфатен речник на англискиот јазик што подоцна ќе го објави Oxford University Press.

Првично Оксфордскиот англиски речник, требаше да биде во четири тома, составен од 6.400 страници, и планираното потребно време за да се заврши беше 10 години. Сепак, по пет години нема некој значаен напредок и Мареј сфатил дека им треба помош па распишал повик за волонтери. Бројни филолози-аматери се пријавиле но еден се покажал како особено надарен: Вилијам Честер Минор.

Да, тоа е вистинската приказна. Не би помислиле дека некој филм за создавање речник би бил интересен? Погледнете го„Професорот и лудиот човек“ на 25.05 во 21:00 часот на FilmBox Premium, сигурно ќе ви го промени мислењето.

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува  SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе