Промени кои може да ги направите уште денеска за позелена иднина
Планетата Земја се соочува со климатски промени предизвикани од човечката неодговорност, кои секојдневно се влошуваат и се закана за опстанокот на сите видови.
Сите ние имаме индивидуална одговорност да ја чуваме и унапредуваме животната средина и климата. Приватните компании и институциите каде работат многу луѓе имаат уште поголема одговорност кон заедницата да обезбедат чиста животна средина и безбедна клима за општествата во кои функционираат, апелираат од непрофитната организација Еко-свест.
Заштеда на енергија, економично купување и трошење, селектирање отпад, замена на пластични производи (шишиња, чаши, прибор) со стаклени и дрвени опции, се само дел од промените кои можеме да ги направиме уште денеска.
Тие на својата Facebook страница споделија неколку совети како постепено да ги смениме навиките и да направиме долгорочни промени со кои ќе помогнеме за позелена иднина за нас и идните поколенија.
Секоја промена е важна!