Замислете го следново: Се наоѓате среде хаотичен вторник. Помеѓу два состанока, се обидувате да резервирате термин за кросфит, додека во мислите веќе ја планирате викенд-прошетката на планина. Во вакви моменти, последното нешто што ви треба е технологија која ве „оптоварува“ со комплицирани менија и безброј кликови. Ви треба асистент кој ве разбира интуитивно, дури и пред да го кажете барањето гласно.
Вештачката интелигенција веќе не е само возбудлив термин од научно-фантастичните филмови. Таа е невидливата нишка што го поврзува нашиот модерен екосистем. Samsung со својата најнова серија уреди докажа дека вистинската моќ не е во суровата сила на алгоритмите, туку во тоа колку елегантно тие се вклопуваат во нашиот динамичен ритам.
Секој што барем еднаш имал можност да го отвори новиот Galaxy Z Fold7, знае дека ова е повеќе од телефон, налик портал кон нов начин на работење и забава. Но, вистинскиот „мозок“ во овој уред е интеграцијата на Google AI Pro. Замислете дека во пребарувачот гледате слика од некој егзотичен хотел. Наместо да копирате наслови и да пребарувате рачно, со функцијата Circle to Search само заокружувате и Google AI Pro веднаш ви ги дава цените, слободните термини, па дури и временската прогноза за таа локација. Сакате да напишете мејл до хотелот? Chat Assist ќе ви понуди неколку верзии на текстот, од професионален до пријателски тон, додека вие само го избирате фаворитот.
Од друга страна, ако барате врвен стил и компактност, Galaxy Z Flip7 е вашиот избор. Овој уред ја носи AI моќта во уште позабавна форма. Со функцијата Interpreter во FlexMode, патувањата стануваат полесни од кога било. Tелефонот го преведува вашиот говор на надворешниот екран за соговорникот, додека вие го гледате неговиот превод на внатрешниот.
Дури и кога телефонот е преклопен, неговиот интелигентен FlexWindow екран користи AI за да ви понуди брзи одговори на пораките кои одговараат на вашиот стил на комуникација. Без разлика дали го користите „големиот“ Galaxy Z Fold или „стилскиот“ Galaxy Z Flip, ова е технологија која не ви дава дополнителни задачи, туку ви овозможува повеќе слободно време за вистинските работи.
Ако телефонот е контролниот центар, тогаш Galaxy Watch8 е вашиот биометриски чувар. Овој часовник покрај тоа што ги брои чекорите, благодарение на напредниот BioActive сензор и AI аналитиката, секое утро ви дава приказ на вашата енергетска оценка, или Energy Score. Ова е реалната примена на AI: Часовникот ги анализира вашите навики за спиење, отчукувањата на срцето и претходната дневна динамика за да ви каже дали денес е денот за соборување рекорди во теретана или е подобро да се фокусирате на релаксација. А, кога сте во движење, Google AI Pro директно од вашиот зглоб овозможува со едноставна гласовна команда да одговорите на пораки или да управувате со паметните уреди во вашиот дом додека рацете ви се зафатени со кафе или со торбите од пазарување.
Вистинската вредност на Samsung екосистемот се гледа во малите, спонтани моменти. Тоа е моментот кога вашиот Galaxy Z Flip7 ќе го поставите во FlexMode за да направите совршено групно видео, додека вашиот Watch8 служи како далечински управувач за камерата. Или, кога вештачката интелигенција автоматски ги филтрира звуците од околината на вашите Galaxy Buds3 слушалки за да имате кристално чист разговор среде градскиот метеж.
За оние кои сѐ уште се на „другата страна“, Samsung го лансираше интерактивното Try Galaxy искуство. Преку овој генијален начин со пристап на веб-апликација имате можност да ја почувствувате магијата на Galaxy AI, директно на вашиот сегашен уред. Можете да видите како работи функцијата Live Translate и да видите како јазичните бариери исчезнуваат во секунда, или пак да си „поиграте“ со Generative Edit за да ги отстраните непосакуваните објекти од вашите фотки.
Samsung не само што создаде уреди, туку изгради систем каде вештачката интелигенција е невидлив сојузник. Благодарение на неа, денес имаме нешто највредно - простор да уживаме во реалниот живот. За повеќе информации за тоа како Galaxy AI може да го промени вашето секојдневие, посетете ја официјалната страница на samsung.mk.