Промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија“ во Тетово

Во Тетово вечерва беше промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија попис од XIX век – Скопски санџак, Тетовска каза 1832/33“ од авторите Аднан Шериф, Музафер Бислими и Миревете Ибраими од Државниот архив на Република Северна Македонија. Ова дело е прва книга и прв том, издадено на македонски и албански јазик.

– Станува збор за книга со документи од Османлиската држава за регистрација на населението од исламска вероисповед кои живееле во санџакот на Скопје односно казата на Тетово и околината. Османлиската држава луѓето не ги разликувала по етничка туку по верска припадност. Секогаш се воделе пописите во посебни дефтери, во посебен дефтер се водело муслиманско население, во посебен дефтер христијанско население, потоа и посебни дефтери еврејско и ерменско население, изјави Аднан Шериф, еден од авторите.

Покрај книгата за муслиманското население, подготвено е и друго дело за христијанското население.

– Османлиската држава не ја делела својата територија по држави на пример Македонија туку се делела денешна Македонија по три вилаети: Солунски, Скопски и Битолски. Сите вилаети ја опфаќале денешна Македонија и така работиме за прв пат скопскиот санџак а една од казите е тетовската каза. Се работи за огромен материјал за огромен простор така да како што ги разликува Османлиската Империја по дефтери, а станува збор за дефтерот број 5506, истакна Аднан Шериф.

Според авторите Османслиската држава и порано од 19 век водела евиденција на населението, но овој од 19 век е налик на денешните модерни пописи.

– Целта на пописите во Османлиската држава и водењето на населението во посебни дефтери била поради земањето на даноците и обврската за одење во војска. Муслиманите не плаќале арач или данок, но биле обврзани да служат војска. Христијаните не биле задолжени да служат војска, но плаќале данок како и другите кои биле од другите религии. Така утврдувале колку даноци ќе наплатат и колку луѓе ќе имаат за војската, рече Андан Шериф.

Во рамки на промоцијата беше и изложба на документи од Турција „200 илјади југословенски иселеници“ од Муртезан Солоџа за лица кои колективно добивале турски државјанства од 1956 до 1972 година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе