Пронајдена карстна дупка каде терористите на ИСИС фрлале тела
Западно од ирачкиот град Мосул е пронајдено едно од местата за кое постои сомневање дека е масовна гробница на жртвите од Исламската држава.
Се работи за карстна дупка, односно природно настаната дупка која со ерозија на земјата и под дејство на атмосферски води полека се шири.
Се наоѓа во близина на градот Тал Афар, западно од Мосул.