Прошетка низ Музејот на Југославија
Музејот на Југославија се наоѓа во елитната населба Дедиње во Белград и е во склоп на цел еден комплекс заедно со Куќата на цвеќето и Музејот 25 Мај. До него се доаѓа минувајчи низ зелен парк во скулптури од автори од цела Југославија.
Во него се опишани периодот на Кралството Југославија и Социјалистичка Југославија, како и животот на Јосип Броз Тито. Изложени се и оригиналните поклони кои Тито ги добивал од разни претседатели и кралеви од целиот свет.
Музејскиот комплекс се состои од три згради со вкупна површина од 5.253 м², сместени во парк од 3,2 хектари. Тој е најпосетуваниот музеј во цела Србија.
Фото: Филип Здравески / Кајгана