Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Кајгана/Макфакс
/ 02.06.2023 / 13:41

Протече нацрт договор на СЗО, кој открива нова пандемија. Според професорката на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Маријана Мацукато, договорот открива дека светот мора да биде подготвен за нова пандемија, која може да биде дури и посмртоносна од Ковид, но сè уште покажува некои „загрижувачки сигнали“.

Документот покажува, како што додава Мацукато, која е и претседателка на Советот на СЗО за здравствена економија за сите, дека планетата може да биде во опасност да го отфрли она што беше научено за време на претходната пандемија и да ја изгуби можноста да ја заштити иднината. Во авторскиот текст за „Фајненшл тајм“ оваа професорка посочува дека е потребно да се дејствува за да се спречи тоа – со работа на нов глобален механизам за финансирање, потоа иновации кои се за општо добро, но и овозможување на бесплатен проток на иновации и информации преку границите.

Таа додава дека Владите на земјите со низок и среден приход ќе треба да сфатат како брзо и под разумни услови да ги добијат клучните технологии за вакцини од големите фармацевтски компании во богатите земји.

Бидејќи тие исто така придонесоа за развој на иновации преку споделување на биолошки примероци.

Меѓутоа, за време на Ковидот, како што вели таа, владеел „вакциналниот апартхејд“ и се покажало дека големите истражувања биле во служба на профитот наместо на здравјето на населението.

Загрижувачки, сепак, протечениот нацрт на глобалниот договор укажува дека транспарентноста во објавувањето на цените на лековите, како и споделувањето информации и трансферот на технологија, ќе биде на доброволна основа.

„Ова би била голема грешка – истата онаа што беше направена за време на пандемијата, кога на стотици милиони луѓе ширум светот им беше одбиена навремена вакцинација, делумно поради желбата да се максимизира профитот на неколку компании. И тоа не е само за цените, но и за условите за споделување технологија: правата на интелектуална сопственост се слабо регулирани“, оценува таа.

Професоркатаот Мацукато е убедена дека е неопходна итна промена во начинот на пристап до финансиите – онаа што ќе го отвори фискалниот простор што земјите во развој треба да го инвестираат во здравството.

„Договорот за пандемијата треба да воспостави систем во кој ќе станеме подготвени за иднината, надминувајќи ги конвенционалните глобални структури за финансирање на здравјето. Тој мора да биде воден од споделување на знаење, вклучување, пристап и транспарентност“, нагласува Мацукато.

Само преку глобалната политика, заедно со финансиските и правните обврски на владите и меѓународните тела како што е СЗО, е можно да се подготви, па дури и да се спречи следната пандемија.

реклама

ПР кампањата на Вучиќ со пациентите од Кочани предизвика бран револт на социјалните мрежи

Read more

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Read more

Лекарите открија која крвна група има најмал ризик од рак

Read more

Храна што не треба да ја јадете по 20 часот ако сакате да ослабете

Read more

Свет

Прекинато примирјето, Израел ја нападна Газа

Read more

ЕУ планира да испрати два милиони парчиња артилериска муниција во Украина

Read more

Германија „ја смени песната“ за планот на Макрон за нуклеарно оружје

Read more

Орбан до Будимпешта Прајд: Ич не се ни мачете да организирате годинава

Read more
 

Вести

Прекинато примирјето, Израел ја нападна Газа

Читај повеќе

Во Словенија пристигнаа двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани

Читај повеќе

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Читај повеќе

Двајца повредени во пожарот во Македонија пристигнаа на лекување во Загреб

Читај повеќе

Европската комисија до владата на Вучиќ: Истражете дали на протестот бил употребен звучен топ

Читај повеќе

ЕУ планира да испрати два милиони парчиња артилериска муниција во Украина

Читај повеќе

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Читај повеќе

ПР кампањата на Вучиќ со пациентите од Кочани предизвика бран револт на социјалните мрежи

Читај повеќе

Таравари: Ве молам не објавувајте фотографии од повредените, тоа може да влијае на нивниот процес на закрепнување

Читај повеќе