Протекоа видеа од новата GTA 6

На YouTube и на други социјални мрежи се споделуваат над 90 различни видеа од гејмплејот на новата „GTA 6“ игрица.

Компанијата Take-Two потврди за The Verge дека протечените видео клипови од игрицата „GTA 6“ објавени на 18 септември се автентични и побара сите да бидат избришани од секаде.

Воедно, против сите оние кои неовластено ги поставиле видеата на своите канали, преку кои се споделени ширум интернетот, ќе добијат тужба или на некој друг начин ќе сносат одредени последици, рекоа од компанијата.

Протече над 3 гигабајти видео материјал, околу 90 клипови, кои се раширија низ YouTube и други социјални мрежи, а одговорните за ова протекување најавија дека наскоро ќе објават и „GTA 5“ и „GTA 6“ source кодови, test build-ови и многу додатен материјал. Ова протекување се поврзува со хакирањето на компанијата Uber од пред некоја недела, но за сега не е потврдена поврзаноста.

Протекувањето уште сега, изгледа, содржи дел од изворниот код на игрицата, што би можело да биде голем проблем за Rockstar. Протекувањето на изворниот код претставува безбедносен ризик па во компанијата го сфаќаат многу сериозно. Тоа е една од причините зошто „Half-Life 2“ беше одложен уште во раните 2000-ти, а неодамнешното хакирање на CD Projekt Red создаде огромно доцнење на закрпите и експанзијата за „Cyberpunk 2077“ по лансирањето. Можно е ова протекување да предизвика доцнење и на „Grand Theft Auto VI“.

Што се гледа на „GTA 6“ видео снимките?

Видео клиповите кои се достапни на интернет го прикажуваат точно она што и се очекуваше. Се гледаат двата главни лика во игрицата, се гледаат делови од Vice City, една снимка покажува подобрено механичко пукање, а друга подобрен систем на грабежи.

Голем дел од снимките имаат мени за отстранување на грешки во игрицата (јасно прикажани), а иако графиката изгледа подобрена во однос на „GTA V“, вреди да се напомене дека ова е пре-алфа верзија, така што сѐ уште не е испеглана до крај и дека тој дел допрва претстои. Многу аспекти на игрицата би можеле да се променат од овој момент па сѐ до лансирањето.

YouTube, Twitter, Reddit и Discord се преплавени со клипови од „GTA 6“ кои ги потврдуваат информациите објавени претходно дека игрицата прв пат во историјата ќе има и женски лик со кој ќе може да се игра и кој ќе биде рамноправен со машките протагонисти.

Видеото со Vice City Metro и други потврдуваат и дека претходно објавените гласини дека „GTA 6“ ќе се одвива во виртуелна реплика на градот Мајами, тоест во град кој многу потсетува на Мајами. Видео материјалот открива и дека игрицата е тестирана на PlayStation конзоли, но и на PC конфигурации со RTX 3060 Ti и RTX 3080 графики, тоест на „машини не постари од две години“.

Моментално Take-Two и Rockstar се занимаваат со отстранување на видеата и гонење на оние кои ги споделија истите, па кај многумина такви сега се појавува пораката „This video is no longer available due to a copyright claim by Take 2 Interactive“. Таа задача ќе биде доста тешка, но се очекува сите видеа сепак да бидат тргнати.

Игрицата „GTA 6“, ако им се верува на гласините од претходно, далеку е од излегување барем две години и би требало да се појави или на крајот од 2024 или во текот на 2025 година.

Remote video URL
Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе