Proteus е првиот целосно автономен робот за складирање на Amazon

Amazon ги претстави своите нови машини, а една од нив е првиот целосно автономен робот наменет за магацини.

Станува збор за роботот наречен Proteus, кој е дизајниран така што може самостојно да се движи низ објектите на Amazon и да носи пакети. Компанијата соопшти дека роботот користи „напредна технологија за безбедност, перцепција и навигација“ и е развиен да извршува задачи без да ги вознемирува вработените.

На видеото објавено на YouTube се гледа како Proteus се движи под колички и ги транспортира до одредени локации. Роботот испушта зелен зрак пред себе додека се движи, кој функционира како сензор и запира доколку човек е пред зракот.

Remote video URL

Целта на Amazon е да го автоматизира бизнисот со колички кои содржат пакети за да се намали потребата луѓето да ги преместуваат рачно низ магацините. Компанијата нагласи дека роботите се дизајнирани да создадат побезбедна работна средина за луѓето.

Уште еден нов робот е дизајниран со намера да го намали ризикот од човечка повреда. Тоа е роботската рака Cardinal која ги зема пакетите, ги „чита“ етикетите и потоа ги става во соодветната количка за следната фаза од процесот на испорака. Вештачката интелигенција и компјутерската „визија“ овозможуваат правилно сортирање на пакетите. Amazon моментално тестира прототип кој може да крева кутии тешки до 23 килограми, а овој робот ќе стапи во служба до следната година.

Amazon исто така развива технологија за вештачка интелигенција која може автоматски да скенира пакети. Во моментов, вработените треба да скенираат бар-кодови на пакетите користејќи рачни скенери, а новата технологија би ја елиминирала потребата за тоа. Благодарение на оваа технологија, луѓето нема да мора да се одмораат од сортирањето пакети. Системот брзо ќе го препознае пакетот користејќи ја својата камера. Оваа камера ќе има „компјутерска визија“ и технологија за машинско учење.

Amazon и претходните години користеше роботи, нагласувајќи дека тие ја подобруваат безбедноста во магацините и дека нивната цел не е да ги заменат луѓето.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе