Прототипот на ракетата Starship на SpaceX експлодираше при обид за повторно слетување синоќа.
Уништената ракета Starship беше прототип на тешка ракета висока 52 метри, развиена од приватната вселенска компанија на Елон Маск за транспорт на луѓе и 100 тони товар во идните мисии на Месечината и на Марс.
Ракетата експлодира кога слета на подлогата за слетување по контролирано спуштање. Тест летот беше наменет да достигне висина од 12,5 километри, напојуван за првпат од три новоразвиени мотори на SpaceX.
Маск кратко по несреќата објави на Twitter дека „притисокот во резервоарот за гориво е мал“ за време на спуштањето, „поради што брзината на контакт беше голема“.
Тој додаде дека SpaceX ги добил „сите податоци што им се потребни“ од тестот.