Објавена е првата фотографија од актерката Кристен Стујарт во улога на принцезата Дијана во филмот „Spencer“, пренесе Variety.
Снимањето на овој филм почна пред неколку недели на неколку локации во Велика Британија и во Германија. Се очекува да биде завршено до крајот на годинава.
Премиерата е закажана во 2022 година, најверојатно на 25-годишнината од смртта на принцезата Дијана.
Филмот е во режија на Пабло Лараин, сценариото е на Стивен Најт, креатор на „Peaky Blinders“.
Дејството се одвива во периодот кога принцезата Дијaна решава да стави крај на турбулентниот брак со принцот Чарлс.