Извршниот директор на BMW, Оливер Ципсе, излезе на сцената за време на годишната конференција на BMW Group за да соопштикога конечно ќе бидат претставени сериите 7 и i7.
Водечкиот автомобил на компанијата ќе го наследи смелиот дизајн на предната решетка од Concept XM. Има осветлена контура надополнета со позадинско осветлување.
BMW Series 7 ќе биде достапен со конвенционални мотори (бензински, дизел и хибриден) и како електричен i7 со проценет опсег од околу 600 километри и батерија од 120 kWh.
Шефот за развој Френк Вебер потврдува дека BMW i7 ќе има над 600 КС, што ќе го направи најмоќен Series 7.