Прв смртен случај од новиот корона вирус во Европа

Кинески турист, кој од провинцијата Хубеи пристигнал во Париз, почина откако неколку дена беше во критична состојба.

– Кинескиот турист пристигна во Франција од провинцијата Хубеи во Париз на 16 јануари. Тој беше хоспитализиран и изолиран до 25 јануари. Неговата состојба забрзано се влоши и неколку дена беше во критична состојба, поради што беше префрлен на интензивна нега, изјави француската министерка за здравство Агнес Бузин.

Таа додаде дека неговата ќерка, која исто така е заразена со новиот Covid-19 и е во истата болница, повеќе не е во животна опасност.

Досега во Кина од новиот корона вирус починаа 1.523 лица, а инфицирани се 66.492 луѓе.

Од декември досега болеста се прошири во повеќе од 20 земји, а Египет вчера пријави прв регистриран случај во Африка. Во 24 држави регистрирани се речиси 450 заболени лица од новиот Covid-19, од кои тројца починаа.

Во Кина се воведени драстични мерки за запирање на епидемијата. Градови во провинцијата Хубеи, со повеќе од 60 милиони жители, ставени се во карантин.

Во меѓувреме, на сите граѓани кои се враќаат во Пекинг од празниците им е наложено да бидат во карантин – или во сопствениот дом или да се подложат на 14-дневно колективно набљудување.

– Тие кои ќе одбијат да останат во своите домови или не сакаат централизирана опсервација и други превентивни мерки и контрола ќе бидат санкционирани, се наведува во соопштението на работната група за превенција од вируси во Пекинг.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе