Вонвременскиот мајстор за ориентални боречки вештини има нов филм чија премиера ќе биде на почетокот на април.

Станува збор за филмот со оригинален наслов „龙马精神“ (Лон ма џин шен), додека англискиот гласи „Ride on“. Филмот е на мандарински јазик.
Она што е познато е дека 68-годишниот Џеки Чен го игра ликот на Лао Луо, кој заедно со својот коњ Црвенокос биле каскадери во филмови. Откако поради долгови Луо ќе треба да го продаде својот миленик, преку ноќ стануваат сензација на социјалните мрежи.
Режисер и сценарист е Лери Јан, а покрај Џеки глумат и Хаоцун Лиу, Чилин Гуо, Џин Ву, Ронгуан Ју, Шин Ју, Енди Он, Јуетин Лан, Џои Јун, Шенјан Шјао и други.
Премиерата ќе биде на 7 април во Кина.