Прв тренинг на репрезентацијата пред Косово
Македонската фудбалска репрезентација синоќа од 17:30 часот на „Петар Милошевски“ тренинг комплексот во Ново Лисиче го одржа првиот тренинг во пресрет на важниот дуел в четврток.
На тренингот репрезентацијата не беше комплетна. Сите фудбалери пристигнаа синоќа во Скопје, но оние кои дојдоа подоцна мораа да ги почекаат резултатите од тестирањата за COVID-19 и затоа не беа во можност да тренираат.
Денеска се очекува тренинг со сите играчи како прва сериозна подготовска за баражот за пласмна на ЕУРО против Косово, закажан за в четврток од 20:45 на „Тоше Проески“.
Фото: ФФМ