Прв во историјата на BMW: M3 Touring доаѓа во 2022

BMW ќе ја прошири својата понуда на M performance модели, така што ќе го приклучи таму првиот M3 Touring во историјата на германскиот автомобилски гигант.

Првиот тест-прототип на моќниот караван M3 Touring наскоро ќе влезе во фазата „развој на пат“, а новиот модел се очекува во 2022 година.

M3 Touring ќе му овозможи на BMW конечно да има директен ривал на веќе добро познатиот адут на Audi - RS4 Avant.

Германската компанија го најави M3 Touring како „остварување на сонот“, автомобил кој на проширената M понуда ќе ѝ донесе „неспоредлива разноврсност на модели“.

Овој модел ќе си го најде местото до новата M3 лимузина и M4 Coupe, модели кои се очекува да бидат претставени во септември. Следната година ќе стигне M4 кабриолет.

Списанието Autocar уште во 2018 година објави дека во BMW сериозно размислуваат за модел M3 Touring, кој сега и официјално е потврден. Автомобилот наскоро се очекува да биде тестиран на улица, а потоа и на патеката Нирбургринг.

Техничките детали уште не се познати, освен податокот дека M3 Touring ќе има 6-цилиндарски M турбобензинец. Се очекува дека овој модел ќе дели многу карактеристики со новата M3 лимузина и со моделот M4, кои имаат S56 твин-турбо трилитарски мотор кој во стандардна конфигурација развива 473 коњски сили.

BMW никогаш досега немале M3 Touring во понудата, а во 2000 година имаше протоптип базиран на третата генерација на моделот. Многу новинари го повозија, но автомобилот не влезе во производство.

Remote video URL
Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе

Откриена цената на првиот автомобил на Xiaomi: Вреди ли толку?

Читај повеќе