Првата капсула за евтаназија одобрена во Швајцарија

Капсулата наменета за потпомогнато самоубиство доби одобрение во Швајцарија, а нејзиниот креатор смета дека следната година треба да биде подготвена за употреба во оваа земја.

Евтаназијата е легална во Швајцарија, а во 2020 година ја искористиле 1.300 луѓе, покажуваат податоците на двете главни организации за „потпомогнато самоубиство“. Животите на луѓето завршуваат со голтање течен натриум пентобарбитал, кој ги става во длабока кома пред да умрат. Сепак, д-р Филип Ничке ја разви капсулата Sarco произведена од 3D печатач, која нуди поинаков пристап. На клиентите им се гарантира брза и мирна смрт без никакви хемикалии.

Капсулата ја реализира својата цел така што се полни со азот, кој брзо ја намалува концентрацијата на кислород, а личноста во неа умира од хипоксија и хипокапнија. Дејството на капсулата предизвикува чувство на дезориентација, а лицето може да почувствува блага еуфорија пред да ја изгуби свеста. Д-р Ничке тврди дека смртта настапува по 30 секунди и дека нема ниту паника, ниту чувство на задушување.

Исто така, капсулата се активира одвнатре, така што лицето може самостојно да притисне копче кога е подготвено да го стори тоа. Капсулата е пренослива и може да се транспортира на која било локација.

Законскиот преглед на капсулата е завршен и може да се користи без проблем.

Третиот прототип на капсулата Sarco во моментов се прави со помош на 3D печатач во Холандија и треба да биде оперативен во Швајцарија во 2022 година.

Д-р Ничке минатата година изјави дека сака оваа технологија да биде достапна бесплатно, па програмата за печатење на капсулата ќе биде достапна на интернет.

Тагови
реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе