Први симптоми на бубрежна болест за кои грешно мислиме дека се болки во грбот

Штом ќе почнете да чувствувате болки во грбот, првото нешто на што веројатно размислувате е дека сте истегнале мускул или сте го повредиле грбот. Сепак, лекарите предупредуваат дека во некои случаи грбот нема никаква врска со тоа, туку непријатните болки се предизвикани од проблеми со бубрезите.

Имајќи предвид дека бубрезите се наоѓаат во пределот на долниот дел на грбот, повеќето пациенти погрешно ја мешаат бубрежната болка со болки во грбот, но овие два типа на болка имаат различни причини и методи на лекување. Додека болките во грбот најчесто се предизвикани од некој надворешен феномен и може лесно да се отстранат, кога станува збор за бубрежна болка, состојбата обично е многу посериозна.

Лекарите објаснуваат дека болката во бубрезите најчесто е предизвикана од воспаление или некои посериозни болести кои ги зафаќаат бубрезите. Болката во грбот, од друга страна, обично е предизвикана од оштетување на ткивото во грбот. Ако научите да правите разлика меѓу нив, тоа може да ја олесни навремената дијагноза и понатамошниот третман.

Како да препознаете бубрежна болка?

Болките во бубрезите се длабоки, прободувачки, се појавуваат ненадејно и обично исчезнуваат и повторно се појавуваат. Болките најчесто се јавуваат во повисоките нивоа на 'рбетот и во пределот под ребрата, до 'рбетот, а докторите предупредуваат дека болките може да се почувствуваат и во централниот дел на стомакот или препоните. Сепак, болката во бубрезите обично вклучува и други симптоми, вели д-р Рена Д. Малик.

Овие симптоми се висока температура, повраќање и гадење, болно мокрење, заматена или темна урина и чести инфекции на уринарниот тракт. За разлика од болката во грбот, која во повеќето случаи поминува сама по себе, болката во бубрезите генерално нема да се подобри додека не ја идентификувате и лекувате основната причина.

Можни причини

Вашите бубрези го филтрираат отпадот од вашето тело, создаваат урина и произведуваат хормони кои го регулираат производството на црвени крвни зрнца. Болката во бубрезите обично е предизвикана од болести на бубрезите и други делови на уринарниот систем, а некои од овие причини вклучуваат камења во бубрезите, уринарна ретенција, везикоуретерален рефлукс, оштетување на бубрезите и полицистични бубрези. Секоја од овие состојби бара третман, инаку може да се појават посериозни последици како бубрежна инсуфициенција.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе