Студенти од Универзитетот Сент Ендрјус споделија видео снимено на сетот на популарната серија.

Снимањето на 6. сезона е во тек, а дел од работата се одвива на универзитетот кој го посетувале принцот и принцезата од Велс, каде се запознале во 2001 година.
На видео снимката објавена на TikTok се појавуваат Мег Белками и Ед Меквеј, кои ги играат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Една вирална снимка прикажува како Мег се држи за рака со глумецот Оли Грин, кој изгледа ја добил улогата на еден од поранешните партнери на Кејт. Всушност, пред принцот и принцезата од Велс да станат пар, Кејт излегувала со студентот по право од IV година, Руперт Финч.
Снимката од 15 секунди, направена од студентка, ја прикажува Мег како стои на влезот од зградата на универзитетот. Актерката која ја игра Кејт потоа се насмевнува и го поздравува Вилијам додека таа поминува покрај нив. Откако ќе ја помине двојката, Вилијам се врти и зјапа во Кејт.
@shark_bateman will and kate DUPE #thecrown #willandkate #standrews #royalfamily #standrewsuni #thecrownnetflix #princewilliam #katemidddleton #ukroyals #standrewsuni ♬ original sound - bateman
Видеото ги воодушеви студентите, кои во позадина се слушаат како навиваат за актерската екипа. Според Daily Mail, некои наводно го молеле Netflix да им дозволи да бидат статисти во серијата, додека други се пожалиле дека снимањето им пречeло во учењето.
Петтата сезона на „The Crown“ заврши во 1997 година, кога принцезата Дијана беше поканета на одмор во Сен Тропе со Мохамед Ал Фаед. Шестата треба да продолжи таму каде што застана претходната сезона и да ни ги прикаже настаните од кралското семејство до 2001 година и понатаму. Малку е веројатно дека ќе се појави на малите екрани пред крајот на 2023 година.