Првиот електричен Harley-Davidson пристигнува во август оваа година

Harley-Davidson денеска ни носи многу важни вести за нивната иднина: легендарниот производител на мотоцикли веќе почна да прима нарачки за купување на нивниот прв електричен модел, наречен LiveWire.

Новиот LiveWire веќе почна да се продава, а испорачката на мотоциклите ќе започне наесен. Неговата цена ќе биде 29.799 долари, што воопшто не е евтино, но сепак е разбирливо со оглед на тоа дека се работи за модел на компанијата Harley-Davidson.

Цената е значително поголема од оние на било кој друг електричен мотоцикл на пазарот. Zero, компанијата која е наречена „Tesla за мотоцикли“, го продава моделот Zero S почнувајќи од 10.995 долари, а нешто помоќниот модел Zero SR чини 16.495 долари. Секако, тие нема да ви го понудат 116-годишното искуство кое го има Harley Davidson, но ќе ви заштедат повеќе од десет илјади долари.

Harley исто така објави дел од спецификациите на новиот LiveWire. Тој забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 3,5 секунди, а нема потреба од квачило и менување брзини, што го прави уште полесен за управување. Од компанијата велат дека овој модел ќе може да помине преку 160 километри во град со едно полнење, но истакнаа дека истото не важи за возење на автопат.

Само поради тоа што е електричен, не значи дека LiveWire е нешто побавен од останатите модели. Инженерите кои работеа на него тврдат дека тој е подеднакво моќен, па дури и го произведува истиот звук, како сите останати нови модели на Harley-Davidson.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Мотори

Прекрасниот скутер на Honda се врати и е електрифициран за XXI век

Read more

Harley-Davidson откри важен датум

Read more

AMB 001 Pro е новиот мотоцикл на Aston Martin

Read more

Ducati го претстави својот прв електричен мотоцикл

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе