Првиот контингент македонски мировници во КФОР заминаа кон Косово

Првиот македонски контингент со 44 припадници на Армијата денеска од касарната „Кузман Јосифовски - Питу“ во Тетово, заминаа кон Косово, каде во следните шест месеци ќе работат како штабни офицери во главната команда на КФОР во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад, информира Министерството за одбрана.

Со учеството во мисијата КФОР на Косово, додаваат, Северна Македонија го зазема местото во НАТО како земја која значи мир, безбедност и стабилност на Балканот.

– Покажавме кои се нашите квалитети на многу далечни места. Од сега ќе го покажеме нашето вистинско место и во регионот. Членството во НАТО значи безбедност и стабилност за нас, значи сигурност под колективниот чадор на Алијансата, но ние тоа членство го чувствуваме како голема одговорност. Пред помалку од 20 години, нашата татковина ја искористи шансата да има мисија на НАТО за да има безбедност и стабилност. Денеска како членка на НАТО можеме да помогнеме тоа да се случи и кај нашите соседи. И тоа покажува колку поминавме заедно, со колку проблеми се изборивме и колку созреавме како луѓе и како држава, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска на неодамнешната свеченоста по повод испраќањето на овој прв контингент на Косово.

Според најавите од Министерството за одбрана, учеството на припадниците на Армијата во мисијата КФОР на Косово ќе продолжи да расте во текот на 2021 година.

– Веќе во следната ротација, планот е бројот на припадници во КФОР да се зголеми на над 60, а од идното лето заедно со нашиот долгогодишен партнер Националната гарда на Вермонт од САД, надвор од воспоставените ротации придонесот во период од 9 месеци ќе се зголеми со над 100-тина припадници на Армијата. Вкупно од идното лето во мисијата КФОР ќе учествуваат околу 180 војници, подофицери и офицери на Армијата на Северна Македонија, велат од Министерството за одбрана.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе