Првите туристи во Меѓународната вселенска станица ќе платат по 55 милиони долари за историското патување

Компанијата Axiom Space од Хјустон ја соопшти својата прва комерцијална вселенска мисија, во која четворица цивили ќе патуваат до Меѓународната вселенска станица (ISS).

Со мисијата наречена Ax-1 ќе управува компанијата Axiom Space, а на неа ќе присуствува поранешниот астронаут на американската вселенска агенција НАСА Мајкл Лопес-Алегриа, кој е и потпретседател на компанијата. Пилот ќе биде американскиот бизнисмен Лери Конор.

Патувањето до ISS ќе чини 55 милиони долари по лице, а лансирањето на капсулата Crew Dragon, произведена од SpaceX, нема да се случи пред јануари 2022 година.

Канадскиот инвеститор и филантроп Марк Пети и неговиот израелски колега Ејтан Стибе ќе бидат специјалисти на мисијата.

Четворица цивили ќе поминат време во вселената во американскиот дел на ISS каде ќе престојуваат осум дена и ќе спроведуваат приватно финансирани истражувања.

Лопес-Алегриа последен пат беше на ISS во 2007 година и за време на неговата дваесетгодишна кариера заврши четири вселенски мисии. Ако сè се одвива според планот, тој ќе стане првиот човек што ќе биде командант на цивилна и приватна вселенска мисија. Конор ќе стане првиот пилот на приватна вселенска мисија во вселената.

URL

Поранешниот астронаут на НАСА, Пеги Витсон, ќе биде резервен командант на мисијата.

Axiom Space е основана во 2016 година и има намера да нуди приватни и национални вселенски летови двапати годишно, а тој број може да се зголеми.

Конгресот на САД сака да го „пензионира“ ISS до крајот на 2030 година, а НАСА им наложи на некои компании да изградат „приватен хотел“ за вселенската станица што може да се спои со структурата најрано во 2024 година.

Axiom Space е меѓу оние што развиваат „вселенски хотел“, а неговите сегменти ќе се разделат кога ISS ќе ја заврши својата услуга.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Вести

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Read more

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Read more

8 фасцинантни факти за октоподите

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more
 

Гик

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Читај повеќе

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе
  • filter

8 фасцинантни факти за октоподите

Читај повеќе
  • play_arrow

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Читај повеќе

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Читај повеќе