Прво интервју на Трамп по атентатот: Мора да умреш за да имаш култна фотографија

Макфакс
/ 15.07.2024 / 20:00

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во неговото прво интервју откако преживеа обид за атентат, рече дека го изменил својот говор за претстојната републиканска национална конвенција по нападот.

„Не требаше да бидам овде, требаше да бидам мртов“, рече тој во интервју за New York Post и Washington Examiner.

Во разговор за конзервативните таблоиди додека патувал со приватен авион од Њу Џерси до Милвоки, Висконсин, поранешниот претседател го опиша моментот кога беше застрелан од вооружен маж на предизборен митинг во Пенсилванија.

Трамп носел бел завој што му го покривал увото прободено со куршум, иако неговиот тим инсистирал да не се фотографира, објавија медиумите. Тој открил и модринка на подлактицата што ја добил кога агентите на Тајната служба го собориле на земја.

Додаде дека агентите го удриле толку силно што му ги соблекле чевлите. На снимката од пукањето се слуша како Трамп им вели на агентите: „Почекајте, сакам да си ги земам чевлите“.

Куршумот бил оддалечен само неколку сантиметри од тоа да го убие, а поранешниот претседател ја свртел главата надесно непосредно пред истрелот. Тоа веројатно го спасило.

„Ретко го тргам погледот од толпата. Да не го направев тоа во тој момент, немаше да разговараме денес“, рече тој.

По пукањето, тој го укина својот првичен говор на конвенцијата, кој требаше да се фокусира на претседателот Џо Бајден и политиката на неговата администрација, а сега ќе се фокусира на обединување на нацијата. Трамп го гледа својот нов говор како „шанса да ја собере целата земја, дури и целиот свет“, рече тој.

Трамп рече дека неговиот телефонски разговор со Бајден по пукањето бил добар и дека претседателот бил „многу драг“. Тој, исто така, тврдеше дека Бајден размислувал да му нареди на Министерството за правда да се откаже од двете кривични гонења против него.

Му се заблагодари на Бога што преживеа. Осомничениот атентатор, идентификуван како 20-годишниот Томас Метју Крукс, уби еден учесник на митингот и рани двајца други. Трамп им кажа на своите помошници дека сака да ги повика семејствата на жртвите и да ги посети хоспитализираните преживеани.

Трамп, исто така, ја коментираше сега познатата фотографија на која ја крева тупаницата додека крвта му капе по лицето, велејќи за NY Post: „Обично треба да умрете за да имате култна фотографија“, рече тој.

„Енергијата што дојде од луѓето таму во тој момент, тешко е да се опише… Но, знаев дека светот гледа“, рече Трамп.

„Знаев дека историјата ќе суди“, додаде.

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Свет

Односите меѓу Кина и Јапонија се влошуваат: Кина повлекува туристи, си ги зеде и пандите

Read more

Полска ќе бара отштета од Русија

Read more

Естонскиот министер за надворешни работи: НАТО ќе ја нападне Русија ако Путин ги нападне Балтичките земји

Read more

Русите реагираа на обвинувањата дека го отруле Навални

Read more
 

Вести

Зошто паѓа цената на златото?

Читај повеќе

Односите меѓу Кина и Јапонија се влошуваат: Кина повлекува туристи, си ги зеде и пандите

Читај повеќе

Полска ќе бара отштета од Русија

Читај повеќе

Левица: Додека граѓаните се туркаат со доживотен закуп, владата го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Читај повеќе

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата

Читај повеќе

Естонскиот министер за надворешни работи: НАТО ќе ја нападне Русија ако Путин ги нападне Балтичките земји

Читај повеќе

Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег

Читај повеќе

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Читај повеќе

Менаџер на продавница во Чаир украл 2,7 милиони денари, парите од дневниот промет си ги ставал во џеб

Читај повеќе