Прво кампинг возило на соларен погон: Вози и кога е облачно

Авантуристичкиот дух никогаш не бил позелен и поинтересен!

Со своите соларни панели, Stella Vita може да произведе доволно електрична енергија за транспорт до 730 километри за еден ден.

Се разбира, кога е сончев ден - големите соларни панели од покривот ја собираат целата таа светлина и ја претвораат во потребната енергија, а кога Stella Vita стои, може да се додадат уште две соларни крила за уште повеќе и побрзо собирање енергија.

Кога времето е облачно, ќе се собере доволно енергија за 600 километри, што е за 20% помалку, но сепак доволно за удобно возење.

Remote video URL

Првиот автомобил за кампување во светот (наместо комбе поради неговата големина) најдобро се опишува како самоодржлива куќа на тркала.

Камперот од сите агли погледнете го ТУКА.

Stella Vita има дизајн сличен на капка, има накосен покрив за да ја зголеми површината на соларните панели што го напојуваат целиот систем на возилото. Вкупната површина на соларни панели, кога покривот е расклопен, е 17,5 квадратни метри. Дизајниран е од тим од 22 студенти од Технолошкиот факултет во Ајндховен.

Соларните панели се користат и за напојување на уредите што се користат на кампување - за правење кафе, подготовка на ручек, туширање, полнење телефони, гледање телевизија итн.

Целта на возилото е да ги освести корисниците за сопствената потрошувачка на енергија, а преку инфозабавниот систем можат да го следат преостанатото количество енергија и можностите за негова понатамошна дистрибуција и потрошувачка.

Подигнувањето на покривот го зголемува и внатрешниот простор на камперот, до кој може да се стигне преку страничната врата на страната на совозачот. Внатре во камперот има мал простор за готвење со фрижидер (кој работи на сончева енергија), тоалет, како и софа и кревет со целосна големина со простор за двајца возрасни кога се расклопени.

Оваа соларна куќа веќе го започна своето патување од Ајндховен. Тргна на 19 септември, а целта е Андалузија. На крајот, треба да се каже дека ова е проект кој е во фаза на тестирање, а комерцијалната фаза најверојатно ќе потрае неколку години. Исто така, нема информации за цената.

Remote video URL

Како ви се допаѓа овој самоодржлив дом на тркала?

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе