Времињата се менуваат, бавно но сигурно.
Најстарата светска новинска агенција Reuters ќе ја има Алесандра Галони (47) за свој нов главен уредник, што значи дека таа ќе биде првата жена на оваа позиција во 170-годишната историја на агенцијата.
Родена во Рим, Галони беше еден од уредниците на Reuters досега и ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира подоцна овој месец.
Галони има долгогодишно искуство во следење на економијата и политиката, а пред да дојде во Reuters работеше за Wall Street Journal.
Reuters моментално вработува 2.450 новинари.