Секоја врска поминува низ несогласувања, но некои прашања може да станат постојани извори на конфликти.

Различни експерти тврдат дека паровите најчесто раскинуваат поради несогласувања околу финансиите и потенцијално различни животни цели.
Терапевтот и психолог Џефри Бернстин зборува за клучните предизвици и можностите за нивно решавање. Тој тврди дека ова се трите работи за кои паровите најчесто се расправаат.
Парите се една од најчестите причини за расправии меѓу партнерите, тврди Бернстин.
„Кога едниот партнер внимава на трошењето, а другиот е склон кон трошење без размислување, се појавуваат недоразбирања и фрустрации. Чувството на нееднаков придонес може да создаде тензија и да ја наруши довербата во врската на долг рок. Решението лежи во отворено дискусија за финансиските приоритети и заедничко планирање буџет за да се постигне рамнотежа што ќе одговара на двете страни“, објасни тој за Psy.
Кога едниот партнер ги презема поголемиот дел од домашните обврски, со текот на времето може да се чувствува искористено и непочитувано. Психологот истакнува: „Нерамномерната поделба на задачите може да стане извор на незадоволство и постојан конфликт. Важно е да се постават јасни очекувања и рамномерно да се поделат одговорностите за да се осигура дека и двајцата партнери се чувствуваат ценети и еднакви во нивниот заеднички живот.“
Кога партнерите имаат некомпатибилни визии за иднината, како што се различни амбиции за кариера или желби за различни животни стилови, несогласувањата може да станат сериозен проблем.
„Игнорирањето на овие разлики само го продлабочува јазот меѓу нив. Од клучно значење е отворено да се разговара за долгорочни планови, со взаемно почитување на потребите и желбите на едни со други. Понекогаш терапијата е исто така корисна за да се најде решение кое ќе одговара на двата партнера“, заклучува Бернстин.