ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

ПСЖ-Баерн: Кого повеќе оштети судијата?

Пари Сен Жермен беше поразен од Баерн со 1:0 на „Паркот на принцовите“, но сепак се пласираше во полуфиналето со вкупни 3:3 по два натпревари во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Ерик Максим Чупо-Мотинг.

Првото полувреме започна релативно мирно, со само неколку шанси на почетокот, од кои ниту една не заврши со удар кон голот, а потоа натпреварот се отвори.

Имаше низа можности

Од 27-та минута од натпреварот до самиот крај, гледавме една сосема луда игра, екипите постојано брзаа од едната и другата страна и се редеа шанса по шанса.

ПСЖ ја имаше првата шанса. По контранападот, Мбапе ја проби десната страна на одбраната на Баерн и ја исфрли топката во шеснаесетникот, каде Нејмар беше сам пред Нојер, но германскиот голман брилијантно го одбрани неговиот обид.

Офсајд?

Во 32-та минута видовме една контроверзна ситуација. Мбапе започна нов контранапад, тој имаше шанса да излезе 1 на 1 со Нојер, но помошниот судија означи офсајд и играта беше прекината. Сепак, снимката покажа дека скоро сигурно не офсајд, па ПСЖ беа сериозно оштетени во оваа акција.

Четири минути подоцна Нејмар се втурна кон казнениот простор на Баерн и ја искриви топката од работ кон голот на Нојер, но сепак само удри во пречката. Во 39-та минута Бразилецот повторно дојде до топката во казнениот простор на Баерн и се закани, но овојпат ја погоди стативата.

Една минута подоцна, Баерн ги надомести многуте промашувања на ПСЖ и погоди, а стрелец беше Чупо-Мотинг, кој по лошиот центаршут на Коман најдобро се снајде во казнениот простор и го победи Навас.

Тивок втор дел

До крајот на првото полувреме, ПСЖ имаше уште една шанса. Мбапе шутираше, овојпат од тешка ситуација во шеснаесетникот, а ударот отиде малку покрај голот.

Второто полувреме понуди многу помалку возбудувања, иако двете екипи продолжија да играат со подеднакво високо темпо. Двете екипи често доаѓаа во последната третина од противникот, но голови  немаше.

Најдобрата можност на вториот дел е онаа од 53-та минута од натпреварот. Нејмар ја однесе топката на средина од теренот, ја влечеше до казнениот простор на Баерн и загуби од Мбапе, а потоа Французинот го најде Ди Марија на другата страна. Аргентинецот се врати на средина, така што Нејмар малку доцнеше да ја смести топката во мрежата.

Оштетен и Баерн?

Даниел Орсато на девет минути пред крајот на реваншот го оштети Баерн со бизарна грешка.

Во 81. Минута, на високо нафрлената топка во петтерецот на ПСЖ тргнаа неколку играчи и на двете екипи. Меѓу нив беше и Леандро Даниел Паредес од ПСЖ, но на него во обид да дојде до топката налета Навас и силно го турна.

Паредес одлета на тревата, а судијата веднаш погрешно досуди фаул за ПСЖ, покажувајќи дека негов играч го турнал Томас Милер, иако фудалерот на Баерн не го ни допре соперникот.

Згора на тоа, кога Навас влета во него, беше најмалку еден метар оддалечен од Паредес.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе