ПСЖ го откачи Фил Колинс и го замени со Диџеј Снејк

Не се само фудбалерите заменливи, туку и музичарите. Таков трансфер направи францускиот гигант менувајќи ја нумерата која 29 години ги пречекуваше навивачите и играчите.

Летово ПСЖ направи еден куп промени, позитивни промени, менувајќи фудбалери и тоа носејќи ѕвезда до ѕвезда, предводени од Лео Меси и Серхио Рамос. Но, клубот реши реконструкцијата да не запре само во фудбалскиот дел, туку и во забавниот.

Во 1992 година ПСЖ почна како воведна музика пред почетокот на секој натпревар да ја пушта песната „Who Said I Would“ на англискиот музичар Фил Колинс, песна која стана препознатлива за „Парк де Пренс“. Навивачите се приврзаа за оваа нумера, ја засакаа... а како не би кога ја слушаат цели 29 години?

Remote video URL

Само еден краток период клубот направи промена и тоа во 2015 после терористичкиот напад во градот. Тогаш воведната песна беше „O City of Light“ од Грегори Алан Исаков.

Remote video URL

Кога ПСЖ го пречека Стразбур во 2. коло од Лиг 1 на 14 август, публиката остана зачудена кога од звучните наместо нивната омилена „Who Said I Would“ почна да ечи друга песна.

Новиот избор на клубот е нумерата „DJ Snake intro mixed“ на Диџеј Снејк која отсега ги дрма трибините на „Парк де Пренс“.

Remote video URL

„Не се работи за грешка. Ние сме многу приврзани за таа песна (на Колинс, заб. на прев.), јас си ја слушам, и нашата намера не е целосно да ја исфрлиме од сите наши натпревари. Зошто да не би можеле да ја пуштаме 'Go West' или песната на Фил Колинс кога играчите ќе излезат на загревање? Добив доста позитивен фидбек од луѓе кои уживаа во песната“, вели клупскиот директор за диверзификација, Фабјан Алегре, за Le Parisien.

ПСЖ одлучи да поддржи локален уметник. Диџеј Снејк е родум од Париз и без негово знаење песната била пуштена на стадион. Овој 35-годишен музичар бил позитивно изненаден од клупската одлука, и нормално, задоволен.

Диџеј Снејк е и навивач на ПСЖ, бил номиниран за Греми, а трипати победувал на наградите Billboard Music и MTV Music Awards.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе