Публикуван научниот труд за екслузивното датирање неолитски локалитети во Пелагонија

Пунликуван е научниот труд за датирањето на неолитските локалитети во Пелагонија.

Овој труд е во коавторство на Гоце Наумов и Агате Рајнгрубер и е објавен во реномираното светско археолошко списание Documenta Praehistorica. Се базира на долгогодишните теренски истражувања на ЦИП во Пелагонија, а кои финализираа со хронолошко моделирање на добиените дати во Ајнштајновиот центар во Берлин.

Во овој труд, именуван како Dating the Early Neolithic in Pelagonia, сублимирани се сознанијата за датирањето на неолитските тумби во Пелагонија, добиени при радиокарбон-анализите на семиња од жито и животински коски. Во него прв пат се посочува дека најраното појавување неолитски населби во Европа се случува во географска Македонија, при што опфатени се повеќе локалитети од Република Македонија и Република Грција, чии датирања се ревидирани со помош на хронолошки секвенции и примена на Бејзовото моделирање.

Притоа се истакнува и мошне важната улога на неолитскиот локалитет Влаку, кој, за жал, се соочи со уништување на неговата источна периферија и му е неопходна натамошна заштита. Овој локалитет се издвојува со една од најстарите неолитски дати во Европа (околу 6400 година пред новата ера), што го прави особено уникатен во светски рамки, како поради датирањето, така и поради единственото присуство на десетина ровови во населбата. Во прилог на овие аргументи изработени се повеќе хронолошки графикони, кои го потврдуваат временскиот опсег на Влаку во втората половина на 7 милениум п.н.е., како и она на другите значајни неолитски населби во географска Македонија.

Трудот може бесплатно да се преземе на следните линкови, што е воедно и една од главните заложби на Центарот за истражување на предисторијата за достапност на научните сознанија до сите љубители на минатото:

https://www.academia.edu/123545977/Dating_the_Early_Neolithic_in_Pelagonia_closing_a_chronological_gap_in_Balkan_prehistory

https://journals.uni-lj.si/DocumentaPraehistorica/article/view/18831

реклама

Нови правила за возачките дозволи на ниво на ЕУ

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Култура

Хуманитарна изведба на претставата Гласови од театар Чекори на Светскиот ден на театарот

Read more

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Read more

Отворен првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

Read more

Без зборови – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија

Read more
 

Вести

Пет малолетници истепани од осум машки лица на автобуска во Скопје

Читај повеќе

Скопјанец ѝ се заканувал на сосетка, направил материјална штета

Читај повеќе

Најстариот еврејски весник за Додик: Негирач на геноцид зборува за антисемитизам - срам за Израел

Читај повеќе

Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на ривалот на Ердоган

Читај повеќе

Кремљ поставува услови за прекин на огнот во Црното Море

Читај повеќе

Рудниците за литиум во Србија ги нема на списокот со стратешки проекти на ЕУ

Читај повеќе

Јон Фрчкоски: Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч

Читај повеќе

Собранието се правда: Пратениците работат

Читај повеќе

Деаноски: Првпат од 2012 година, Владата сама, без работниците, одлучува за минималната плата

Читај повеќе