Пуџдемон побегна од Барселона со полициско возило откако предизвика хаос појавувајќи се на собир

Шпанската полиција уапси член на службата за безбедност во рамки на истрагата за бегството на поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон од Барселона по политички митинг, објавија локалните медиуми.

Уапсениот полицаец е сопственик на автомобилот со кој Пуџдемон побегнал од плоштадот каде се појавил на собир пред зградата на Парламентот во Барселона.

Каталонската полиција потврди дека еден полицаец е уапсен, но други детали не се соопштени.

Поранешниот каталонски претседател се појави порано, и покрај налогот за негово апсење, на митинг во Барселона по седумгодишен самонаметнат егзил, а потоа исчезна, што предизвика полициска истрага.

И покрај силното полициско обезбедување, Пуџдемон им се обрати на толпата од илјадници поддржувачи во каталонската престолнина од бината поставена недалеку од каталонскиот парламент.

„Мислеа дека ќе го прослават моето апсење и дека казната ќе ме обесхрабри. Па, не беа во право“, нагласи Пуџдемон.

По говорот тој ја напушти сцената и полицијата и медиумите не успеаја да го најдат. Потерата по Пуџдемон предизвика сообраќаен колапс во Барселона, додека блокада беше поставена недалеку од границата со Франција.

Подоцна потрагата беше прекината.

Пуџдемон ја предводи партијата Жунтс и беше лидер на Каталонија меѓу 2016 и 2017 година, пред да замине од Шпанија во Белгија по неуспешниот референдум за независност на шпанската покраина.

реклама

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Млада Мароканка се удавила пливајќи кон Шпанија не знаејќи дека ѝ била издадена виза

Read more

Свет

Сите купуваат храна за носење неразмислувајќи за амбалажата: Воведени се строги правила за тие пакувања

Read more

Фон дер Лајен најави 2 милиони евра помош за Колумбија по земјотресот

Read more

Путин се заканува дека ќе заплени европски бродови поради санкциите: Ќе возвратиме со иста мера

Read more

Млада Мароканка се удавила пливајќи кон Шпанија не знаејќи дека ѝ била издадена виза

Read more

Вести

  • play_arrow

Оле, дај една чаша вода од чешма!

Читај повеќе

Спајиќ до Вучиќ: Испраќате една порака до Москва, а друга до Европа

Читај повеќе

Сите купуваат храна за носење неразмислувајќи за амбалажата: Воведени се строги правила за тие пакувања

Читај повеќе

МакеДокс - фестивал на кој не се доаѓа само за да се гледаат филмови

Читај повеќе

МЗ: Нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент поради консумирање загадена вода во Скопје

Читај повеќе

ОЈО Скопје ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Читај повеќе

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Читај повеќе

Од водите на Преспанското Езеро извлечено телото на скопјанец

Читај повеќе

Фон дер Лајен најави 2 милиони евра помош за Колумбија по земјотресот

Читај повеќе