Пуштена во употреба модуларната ковид-болница во Кочани

Модуларната ковид-болница во Кочани, прва во источниот регион, денеска е пуштена во употреба. Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата по што изјави дека веќе од понеделник таа ќе може да ги прими првите пациенти.

Објектот, кој е сместен во кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани, има капацитет од 35 болнички кревети, од кои 5 за интензивна нега на тешко болни, а располага и со неопходната опрема за дијагностицирање.

– Оваа болница е од големо значење со оглед што опслужува пациенти од целиот источен регион, тука доаѓаат пациенти не само од Кочани, туку и од Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица и соседните општини. Во Општа болница беше инвестирано и претходно, независно од овој дел, веќе е набавен нов апарат за анестезија, стигната е и донација од Јапонската амбасада за ехо апарат. Секако, и модуларната болница ќе биде опремена со дополнителен ехо апарат, со сите сонди, подвижен дигитален рендген уред, што ќе служи за потребите не само на ковид-центарот, туку и за другите специјалности, истакна министерот Филипче.

Додаде дека Министерството за здравство ќе помогне во обновувањето на дел од возниот парк за потребите на Итната медицинска помош во кочанската болница, со оглед што за краток период таа остана без две возила што беа целосно оштетени во сообраќајни несреќи.

Во наредниот период за потребите на Општата болница ќе биде распишан оглас за нови вработувања на 50 лица, стручен и технички кадар.

Директорот на Општа болница со проширена дејност, Александар Серафимов нагласи дека новата модуларна болница заедно со болничките легла на другите одделенија, ќе овозможи проширување на капацитетот за прием на шеесетина ковид-пациенти од регионот. Освен тоа, се очекува во одделот за интензивна нега наскоро да се инсталира опрема за централна кислородна поддршка.

Благодарност до Министерството за здравство за инвестицијата во модуларната ковид-болница упати градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој истакна дека нејзината изградба заврши во предвидениот рок, при што Општина Кочани ги обезбеди потребните технички услови, платформа со приклучоци за вода и канализација.

По предавањето во употреба на модуларната болница, членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани го пречекаа министерот Филипче, при што упатија критики за кадровските, техничките и просторните недостатоци во Општата болница.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе