Путин до Ердоган: Нападите на гасоводите се акт на меѓународен тероризам

Рускиот претседател Владимир Путин во синоќешниот разговор со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган ги осуди наводните напади на гасоводите „Северен поток 1 и 2“ во Балтичкото Море, кои, според него се „чин на меѓународен тероризам“.

Во телефонскиот разговор со Ердоган, рускиот претседател ги „изрази своите размислувања за невидените акти на саботажа, всушност меѓународен тероризам против „Северен поток 1“ и „Северен поток 2“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Шведската крајбрежна стража вчера информираше за четврто истекување гас во Балтичко Море над гасоводот „Северен поток“.

Европа експресно оцени дека тоа е „саботажа“, а Москва го отфрли ова тврдење како „глупаво и апсурдно“ и повика на истрага.

Гасоводите „Северен тек 1 и 2“ не работат, но во цевките има гас.

НАТО вчера изрази „длабока загриженост“ поради оштетувањето на гасоводот и предупреди дека секој намерен напад врз инфраструктурата на сојузниците ќе биде проследен со „унифициран и решителен одговор“.

На барање на Москва за денес е закажан итен состанок на Советот за безбедност на ОН токму на оваа тема, бидејќи сите сомнежи се насочени кон тоа. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе