Путин ги повика Русите на дисциплина, следната седмица ја прогласи за неработна

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Русите да покажат дисциплина и одговорност, да останат дома за да се изборат против ширењето на коронавирусот.

„Сите препораки мора да се почитуваат. Мораме да се заштитиме себе и луѓето кои ни се блиски“, изјави Путин во обраќањето на нацијата, пренесе TASS.

„Верувајте ми, најбезбедната работа што треба да ја направите е да останете дома“, истакна тој.

Путин следната седмица ја прогласи за неработна поради коронавирусот.

„Сега е исклучително важно да се спречи заканата од брзото ширење на болеста, според тоа ја прогласувам следната седмица за неработна со платени денови, односно слободните денови ќе траат од сабота, 28 март до недела, 5 април“, рече претседателот.

Тој истакна дека се откажува референдумот за уставни промени планиран за 22 април, пренесе Reuters.

Според последните податоци, во Русија бројот на инфицирани луѓе е 658 лица, само во последните 24 часа се регистрирани 163 позитивни на коронавирусот.

реклама

Свет

Трамп го смени шефот на својата предизборна кампања

Read more

Загрозени околу 25.000 работни места во American Airlines поради COVID-19

Read more

Во Бразил речиси два милиона заразени со COVID-19

Read more

Неколку стотици демонстранти во Москва побараа оставка од Путин, 103 лица се уапсени

Read more

Вести

Duna: Апликацијата за изборниот процес функционира нормално, сајтот на ДИК беше хакиран

Читај повеќе

Шабани: ДИК во стандардна процедура ги проверува податоците за резултатите од изборите од ОИК

Читај повеќе

Италија забрани влез за државјаните на Србија, Косово и Црна Гора

Читај повеќе

Апасиев: Ова е досега невиден изборен грабеж

Читај повеќе

Се запали возилото со изборен материјал од Гостивар на пат кон ДИК

Читај повеќе

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада

Читај повеќе

Трамп го смени шефот на својата предизборна кампања

Читај повеќе

Бугарија ги затвори границите за државјани на Република Северна Македонија

Читај повеќе

СДСМ: Во податоците на ДИК недостатоци и грешки кои може да дадат неточна слика за конечниот резултат

Читај повеќе