Путин му потврдил на кинескиот претседател Си дека Русија е подготвена да разговара со Украина

Рускиот претседател е подготвен да испрати делегација во Минск на преговори со претставници на Украина, соопшти денеска Кремљ по телефонскиот разговор на Владимир Путин со кинескиот претседател Си Џинпин.

Путин му рекол на Си дека руската воена операција во Украина е неопходна за заштита на луѓето од „геноцид“, соопшти Кремљ, обвинување што Западот го нарекува неоснована пропаганда.

Кремљ соопшти дека Си ги почитува дејствијата на Русија и дека е подготвен за блиска координација и взаемна поддршка во Обединетите нации, каде и двајцата имаат постојани членки на Советот за безбедност со право на вето.

Кинеската новинска агенција Синхуа по телефонскиот разговор лиферуваше само кусо соопштение. „Кинескиот претседател Си Џинпин изјави денеска дека кинеската страна ја поддржува руската страна во решавањето на проблемот преку преговори со украинската страна“, пренесе Синхуа.

– На 25 февруари, претседателот на Украина, Володимир Зеленскиј, објави дека е подготвен да разговара за неутралниот статус на Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој вели дека уште на почетокот Путин кажал дека „целта на операцијата е да им се помогне на ДНР и ЛНР, вклучително и преку денацификација и демилитаризација на Украина. И ова, всушност, е составен дел на неутралниот статус, рече Песков, пренесува руската државна агенција ТАСС.

– Во овој контекст, како одговор на предлогот на Зеленскиј, Владимир Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на ниво на претставници на Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и претседателската администрација за преговори со украинската делегација.

Според портпаролот на Кремљ, белорускиот претседател Алјаксандр Лукашенко го уверил Путин дека Минск ќе биде подготвен да ги создаде сите неопходни услови за разговори меѓу Украина и Русија. Тој изразил подготвеност да ги создаде сите неопходни услови за пристигнување на делегации, обезбедување на нивниот имунитет и безбедност и давање на изјави по преговорите.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе