Путин вторпат му подари луксузна руска лимузина на Ким

Рускиот претседател Владимир Путин на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му подари руска лимузина Aurus, сет за чај и адмиралска кама, јави руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи го официјален Кремљ.

За време на неговата посета на Пјонгјанг, Путин за возврат доби различни уметнички дела на кои е прикажан, вклучително и бисти, рече Јуриј Ушаков, советник на претседателот.

Весели толпи луѓе и раскошни свечености го дочекаа Путин денеска во главниот град на Северна Кореја, каде Ким Џонг Ун изрази „целосна поддршка“ за руската војна во Украина и вети посилни стратешки врски со Москва.

Aurus Senat, ретро стилизиран по лимузината ZIL од советската ера, е официјален руски претседателски автомобил и Путин го возеше на неговата инаугурација во Кремљ во мај.

Кога Ким ја посети источна Русија минатиот септември, Путин му покажа едно од црните оклопни возила. Ким седна до Путин во автомобилот и изгледаше како да ужива.

Путин му го даде на Ким својот прв седан Aurus во февруари оваа година, рекоа тогаш двете земји, што значи дека тој сега има најмалку две возила.

Се верува дека Ким е страстен ентузијаст за автомобили. Тој има голема колекција на луксузни странски возила кои најверојатно биле шверцувани, бидејќи резолуциите на Советот за безбедност на ОН забрануваат извоз на луксузни стоки во Северна Кореја.

Тој е виден во Maybach лимузина, неколку возила Mercedes, Rolls-Royce Phantomu и Lexusu.

Висок руски функционер минатиот месец изјави дека Русија оваа година ќе започне со производство на луксузни автомобили Aurus во поранешна фабрика на Toyota во Санкт Петербург.

реклама

Како да се ослободите од мувлата што се лепи на силиконот во веце?

Read more

Што да направите во случај да ви прегрее моторот на автомобилот?

Read more

Колку чекори дневно треба да правите за да бидете фит?

Read more

Сите ајкули тестирани на кокаин во Бразил биле позитивни

Read more

Авто новости

Белгија ќе ги казнува сите во возилото за еден патник што не ставил појас

Read more

Smart Roadster би можел да се врати по 20 години

Read more

Што да направите во случај да ви прегрее моторот на автомобилот?

Read more

Голем пад на Tesla во САД

Read more
 

Автомобили

Белгија ќе ги казнува сите во возилото за еден патник што не ставил појас

Читај повеќе

Smart Roadster би можел да се врати по 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да направите во случај да ви прегрее моторот на автомобилот?

Читај повеќе

Голем пад на Tesla во САД

Читај повеќе

Audi повеќе не произведува кабрио и купе модели

Читај повеќе

Panamera Turbo S E-Hybrid и Panamera GTS: динамичен врв

Читај повеќе
  • filter

Lanzante го претвори Porsche 935 во чудовиште легално за патиштата

Читај повеќе

Кога електричните автомобили ќе се доближат по цена до бензинците?

Читај повеќе

Audi денес го претставува A5, откриени првите детали

Читај повеќе