Путин: Западот мислеше дека ќе ја фрли Русија на колена и ќе ја распарчи, но не успеа

Макфакс
/ 05.09.2024 / 14:47

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на пленарната сесија на Источниот економски форум во Владивосток.

На панелот со рускиот претседател се и премиерот на Малезија, Анвар Ибрахим, и потпретседателот на Кина, Хан Чен.

Путин зборуваше најмногу за економски теми, но се осврна и на војната во Украина, односно т.н. специјална воена операција. Рускиот лидер, меѓу другото, рече дека што се однесува до потенцијалните преговори со Украина, Русија разбира со кого има работа. „Тие ги прекршуваат обврските. Москва бара форми и гаранции кои ќе функционираат“, рече тој.

Путин потсети и дека се договорени речиси сите параметри за евентуален мировен договор, но по посетата на Борис Џонсон, Украина се откажа од сѐ. Киев и Западот планираа да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија, но не успеаја, додаде тој.

„Елитите на САД и некои европски земји сакаа да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија. Мислеа дека тоа ќе се случи бргу. Тогаш ќе ги постигнат своите стратешки цели кон кои се стремат со векови или децении“, рече Путин.

Рускиот претседател рече дека е во постојан контакт со лидерите на Кина, Бразил и Индија, кои искрено сакаат да ја разберат ситуацијата во Украина.

„Западот мислеше дека ќе ја фрли Русија на колена и ќе ја распарчи, но не успеа“, рече рускиот лидер додавајќи дека на власт во Украина се или вонземјани или странци, кои го прават тоа не размислувајќи за државата. „Русија секогаш ќе ги штити интересите на луѓето во Украина, кои се борат за рускиот јазик и традициите“, рече Путин.

Нападите на нуклеарната централа „Курск“ ги нарече многу опасни терористички напади. „Можете да замислите што ќе се случи во овој дел од Европа ако почнеме да реагираме со иста мерка“, рече претседателот.

Како резултат на нападот врз Курската област, руското општество се консолидира, зголемен е бројот на луѓе што потпишуваат договори со вооружените сили, рече Путин и додаде: „Целта на непријателот беше да нѐ направи нервозни, да пренесеме војници од една област во друга и да ја запреме нашата офанзива во клучните области, пред сѐ, во Донбас, чие ослободување е наша примарна цел“, рече Путин.

Руската армија ја стабилизира ситуацијата и почна да го турка непријателот од пограничните територии.

„Противникот префрли доста добро обучени единици во нашите погранични области и на тој начин ги ослабна своите сили во клучните насоки. Нашата армија ги забрза офанзивните операции“, рече Путин посочувајќи дека противникот трпи огромни загуби во жива сила и опрема.

Загубите на противникот како резултат на овие дејства може да доведат до губење на борбената способност на целокупните вооружени сили на Украина, што е она што Русија го сака, нагласи Путин.

реклама

Свет

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Read more

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Read more

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Read more

Трета среќа за Доналд Трамп Џуниор: Се сврши со Бетина Андерсон

Read more
 

Вести

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Читај повеќе

При претреси во Виница и Виничко пронајдени 43 златни и сребрени монети, петмина уапсени

Читај повеќе

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Читај повеќе

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Читај повеќе

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Читај повеќе
  • filter

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Читај повеќе