Работат против имунитетот – овие три намирници ја саботираат одбраната на организмот

Начинот на живот и исхраната значително влијаат на тоа колку вашиот имунолошки систем може да ве заштити од болести и колку брзо се опоравувате.

Покрај спиењето, вежбањето и намалувањето на стресот, содржината на хранливи материи во храната што ја јадете може многу да влијае на тоа колку сте подготвени да се борите против болести.

„Вообичаената исхрана со овошје, зеленчук, цели зрна, протеини со малку маснотии, јаткасти плодови и семиња ќе го опреми вашиот имунолошки систем непречено за да ве заштитува кога ви е најпотребно“, вели нутриционистката д-р Марџи Сајдел.

Се разбира, има многу видови храна и пијалоци кои имаат многу мала хранлива вредност, а нивното прекумерно внесување е тесно поврзано со дебелината, дијабетесот и други хронични болести. Според Сајдел, овие намирници може да го загрозат вашиот имунолошки систем и неговата способност да ве одржува здрави.

Едноставно кажано, може да се разболите од лоши навики во исхраната и еве неколку работи што треба да се избегнуваат за да се подобри способноста на вашето тело да избегне болести и воспаленија:

1. Газирани сокови

„Газираните пијалоци засладени со шеќер не носат ништо друго освен празни калории“, објаснува Сајдел.

Покрај тоа што придонесува за дебелина и сродни хронични заболувања поврзани со попречен имунолошки систем, прекумерното внесување шеќер може исто така да ги влоши воспаленијата и да ја загрози можноста за борба против болеста.

2. Алкохолни пијалоци

Додадете ослабен имунолошки систем на долгиот список на причини за да го намалите внесот на алкохол.

„Прекумерното пиење може да доведе до намалување на способноста на вашето тело да се бори против болести, а исто така може да ве направи подложни на пневмонија и други белодробни состојби, побавно зараснување на раните и побавно закрепнување од болест“, вели Сајдел.

3. Замрзната храна

Ова првенствено се однесува на готови замрзнати оброци, бидејќи за разлика од брзо замрзнатиот зеленчук, тие не содржат речиси никакви хранливи материи, туку само празни калории. Иако во бурното модерно секојдневие сите почесто посегнуваме по вакви побрзи решенија, секогаш е поздраво да се испржи јајце отколку да се подготви готов замрзнат оброк во микробранова печка или рерна, објаснуваат експертите.

„Содржината на сол, шеќер, заситени масти и рафинирани јаглехидрати е висока, со малку хранливи материи и растителни влакна“, објаснува Сајдел.

Ова не е нуклеарна физика – јадењето непреработена, свежо приготвена храна ќе ви го зајакне имунитетот.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Здравје

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Гинеколошки симптоми кои не треба да ги игнорирате

Read more

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more
 

Магазин

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе