Работи што никогаш не треба да ѝ ги правите на вашата мачка

Сопствениците на мачки знаат дека мачките се многу индивидуални и секоја има своја личност, но има некои работи што треба да ги знаат сите сопственици на домашни миленици.

Неколку ветеринари и ветеринарни техничари раскажаа за Insider што луѓето често прават, а ги повредува мачките.

Не форсирајте галење ако мачката тоа не го сака

Оставете ја мачката да дојде кај вас и да ви ја покаже својата наклонетост. Научете да препознавате кога вашата мачка сака да остане сама. Ветеринарката Венди Хаузер вели дека сопствениците на мачки често диктираат време за дружење или галење, без разлика дали мачката е расположена за она што им е на ум во тој момент.

Пред да внесете ново растение во вашиот дом, проверете дали е безбедно за мачките

Пред да одлучите да го украсите вашиот дом со растение, погрижете се тоа да не е отровно за мачките, како крин - цвет кој е отровен за нив, јадењето на кој било дел од ова растение предизвикува откажување на бубрезите кај мачките или дури и ги убива.

Не дозволувајте да си игра со волнена капа

Ветеринарниот техничар Џејми Алсинг предупредува дека капа направена од предиво или волна може да биде многу опасна за мачките. Голтањето предиво предизвикува она што ветеринарите го нарекуваат линеарно туѓо тело. Предивото може да ги компресира цревата додека се обидуваат да го сварат, што може да предизвика колапс на дел од цревата и да бара хируршко отстранување.

Не учете ја да си игра со рацете

Мачките сакаат која предметите се движат, па затоа ќе сакате да ги испровоцирате со ласер или друга светлина, но не користете ги рацете како мамка кога играте. Ако мисли дека вашите раце се нешто што може да го „фати“, играњето со мачката веројатно брзо ќе стане непријатно и потенцијално опасно, предупредува ветеринарот и советува секогаш да користите предмет или играчка на која мачката ќе се фокусира.

Не казнувајте ја

Тренирањето на мачки и кучиња е сосема поинакво и кревањето глас на мачка може да има негативни последици. Мачките никогаш не треба да се казнуваат директно, вербално или физички. Таквите методи се сосема погрешни кај мачките. Мачките се многу чувствителни на гласни звуци и високи тонови, кои ги плашат и почнуваат да го доживуваат лицето што испушта такви звуци како закана и да ги избегнуваат.

Ако на мачкате ѝ давате месо или риба, погрижете се да нема коски во нив

Коските се сериозна опасност за мачките и кучињата. Повеќето коски од живина се многу опасни бидејќи можат да се заглават во грлото, желудникот или цревата на животното. Погрижете се рибата или месото што ќе го дадете на вашата мачка да нема коски, а ако мачката случајно проголта коска, повикајте ветеринар за секој случај.

Не ѝ давајте лекови наменети за кучиња или луѓе

Лековите за луѓето и кучињата можат да направат повеќе штета отколку корист за мачките. Никогаш не давајте лекови на вашата мачка без да се консултирате со вашиот ветеринар. Иако ни помагаат нам или на нашите кучиња, истите можат да бидат опасни за мачките.

Тагови
реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Живот

Работи што никогаш не треба да ги ставате во микробранова

Read more

Зошто Денот на вљубените се слави на 14 февруари?

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Што всушност му прави омега-3 на вашето тело?

Read more
 

Магазин

Работи што никогаш не треба да ги ставате во микробранова

Читај повеќе

Зошто Денот на вљубените се слави на 14 февруари?

Читај повеќе

Кардиолог предупредува на тивок срцев удар: Суптилни знаци на кои треба да се внимава

Читај повеќе
  • play_arrow

Скриена камера: Достава на пратка среде аутопсија на вонземјанин

Читај повеќе

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Читај повеќе

Зошто седечкиот начин на живот е штетен по здравјето?

Читај повеќе

Колку километри треба да трчате според вашата возраст?

Читај повеќе

Што всушност му прави омега-3 на вашето тело?

Читај повеќе