Рации низ Германија поради ширење омраза на интернет

Полицијата извршила серија претреси низ Германија на лица осомничени за ширење говор на омраза преку социјалните мрежи, соопшти Федералната канцеларија за борба против криминалот (BKA).

„Како дел од кампањата против ширењето на омраза, полициските одделенија во 14 сојузни провинции извршија претреси на 90 локации“, соопшти BKA. Како што се наведува понатаму, против осомничените се поведува истражна постапка поради сомнение за поттикнување на кривични дела, закани, принуда и ширење на расна и национална омраза.

„Омразата и поттикнувањето на интернет ја загрозуваат нашата демократија и го подготвуваат теренот за екстремистичко насилство. Затоа мора да се повлечат јасни граници и сторителите да се извлечат од нивната очигледна анонимност“, коментираше германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер за денешната полициска акција.

Фезер (Социјалдемократската партија на Германија) објасни дека со вчерашната акција на федерално ниво, властите „испратиле јасен сигнал против омраза и поттикнување“ на социјалните мрежи, форумите и комуникациските платформи.

Во Берлин беа извршени претреси со учество на специјални полициски единици. Во сојузната покраина Саксонија, претреси се вршени главно врз членови на радикалната десница. Во најнаселената германска сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, акцијата, покрај припадниците на радикалната десница, беше насочена и против екстремистите од религиозното милје, како и против екстремните левичари.

„Криминалот од омраза, ширењето на национална и верска омраза и заканите за убиства имаат само една цел: да создадат поделби во општеството и да шират страв. Мораме одлучно да се спротивставиме на ова“, рече министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул.

Федералната канцеларија за борба против криминалот повторно ги повика граѓаните да пријават каква било закана или ширење омраза преку Интернет. Иако во последно време е намален бројот на криминални дела на ширење омраза преку интернет, властите претпоставуваат дека бројот на непријавени случаи е многу поголем.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе