Радикален потег: Модниот гигант H&M врти нов лист

Пандемијата толку многу влијаеше на деловната активност на шведскиот моден гигант, што во ерата по короната, H&M значително ќе го промени начинот на деловно работење.

И не само тоа, H&M, како втор по големина малопродажник на облека на планетата, би можело да почне нов тренд со своите одлуки што многумина несомнено ќе ги следат.

Централното претставништво на главниот плоштад во Стокхолм ќе биде нивниот прв малопродажен простор што ќе се промени. Продавницата веќе нема да биде само место каде што клиентите можат да купуваат облека, но на таа локација, на пример, ќе се шијат закрпи за панталони, ќе се изнајмуваат фустани за забави, а ќошињата на просторот ќе бидат пренаменети во салони за убавина.

Можете ли да замислите продавници кои веќе не се само продавници, туку модни салони со мали занаети и придружни услуги? Швеѓаните се обложуваат токму на тоа, бидејќи колку повеќе луѓе купуваат преку интернет, толку повеќе големите продажни простори стануваат помалку потребни.

И наместо да се обидат да се ослободат од мртвиот капитал, тие ќе се обидат да го оживеат и да инвестираат во зајакнување на брендот.

Според светските медиуми, H&M соопштиле дека првата третина од оваа година во деловна смисла поминала многу подобро отколку што очекувале. Тие планираа пад на бизнисот бидејќи карантините ширум светот ги принудија клиентите почесто да купуваат облека преку интернет.

Иако овој метод на испорака ги намалува нивните трошоци, тоа значи и намалување на потребата за физички продавници. H&M најави затворање на 350 од приближно 5.000 продавници ширум светот оваа година, а планот е да се отворат само сто нови.

Тагови
реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе