Радован Караџиќ ќе го отслужи остатокот од доживотната казна во Велика Британија

Воениот злосторник Радован Караџиќ ќе го отслужи остатокот од доживотната казна затвор во Велика Британија.

Одлуката ја донесе Кармел Агиус, претседател на Меѓународните резидуални механизми за кривични судови, откако од Островот доби потврда дека земјата ќе го прими криминалецот да ја издржува казната.

„Имајќи предвид дека Жалбениот совет на Механизмот го осуди Радован Караџиќ на доживотен затвор, меѓу другото, Велика Британија го информираше Механизмот за подготвеноста тој да го спроведе остатокот од казната што му е изречена на Караџиќ од Механизмот. Со ова одлучувам дека Караџиќ ќе ја издржува казната  во Велика Британија“, рече Агиус во известувањето испратено до засегнатите страни во постапката - обвинителот Серж Брамерц и адвокатот на Караџиќ, Питер Робинсон.

Тој додаде дека ќе биде официјално побарано од Владата на Обединетото Кралство да му изрече казна на Караџиќ, да се согласи на барањето, да го извести Караџиќ и да ги преземе сите неопходни мерки за да го олесни неговиот трансфер што е можно побрзо. Тој нареди Караџиќ да остане во притвор на Механизмот додека чека преместување.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Свет

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе