Крај на големото ривалство

Рафа му се заблагодари на Ѓоќовиќ на српски

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Рафаел Надал го одиграа последниот меч во кариерата во саудиски Ријад на егзибицискиот турнир „Слем шест кралеви“, а Ѓоковиќ уште еднаш му оддаде признание на својот голем ривал кој најави крај на кариерата.

Надал официјализираше дека кариерата ја завршува со настап на Дејвис купот на крајот на ноември со настап за шпанската репрезентација, а Ѓоковиќ го доби синоќешниот меч со 2:0 во сетови (6:3, 7:6).

„Последниот танц беше епски. И, се разбира, полн со емоции. Секогаш ќе го ценам нашето ривалство. Ќе му недостигаш на тенисот“, напиша Ѓоковиќ со заедничка фотографија, а потоа ги шокираше и организаторите на турнирот во Ријад.

„Салам алејкум Ријад. Слемот Шест кралеви е посебен турнир. Се гледаме наскоро“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Надал ја сподели објавата на Ѓоковиќ на Instagram и му се заблагодари на српски.

На едно од најголемите ривалства во историјата на спортот му дојде крајот. Ѓоковиќ и Надал се сретнаа 60 пати во кариерата, а српскиот тенисер победи во 31 дуел, наспроти 29-те победи на Шпанецот.

Турнирот нема натпреварувачко значење и не носи бодови за АТП листата, на Саудијците не им беше тешко да ги привлечат „кралевите“ бидејќи победникот Јаник Синер однесе дома шест милиони долари, што е најголема парична награда во историјата на тенисот.

Секој од тенисерите само со доаѓањето на овој турнир заработи по најмалку 1,5 милиони американски долари, а покрај Синер и Алкарас, на турнирот учествуваа и Даниил Медведев, Холгер Руне, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

реклама

Зошто се носи ловоров лист во паричникот?

Read more

Мурињо конечно призна: Го провоцирав со тактики, но ништо не функционираше

Read more

Balkan Dad откри за кого ќе гласа на изборите во Србија

Read more

Германија воведува „рана пензија“: Државата ќе издвојува по 10 евра месечно за секое дете

Read more

Тенис

Српски тенисер суспендиран на 24 години: Казната е 14 пати поголема од она што го заработил

Read more

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Read more

Јаник Синер објави крај на сезоната

Read more

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Read more

Спорт

СуперСоникс сепак не се враќаат? Уште еден град е во трка за франшиза во НБА

Читај повеќе

Енцо Фернандес - единствениот што двапати ја надминал границата од 100 милиони!

Читај повеќе

Мурињо конечно призна: Го провоцирав со тактики, но ништо не функционираше

Читај повеќе

Најмоќното катарско семејство сака да влезе во Интер

Читај повеќе

Откриено како Инфантино скандалозно му помогна на Трамп за црвениот картон на САД

Читај повеќе

Незапирливиот Кејн останува во Баерн до 2029 година

Читај повеќе

Српски тенисер суспендиран на 24 години: Казната е 14 пати поголема од она што го заработил

Читај повеќе

Главни фаворити за титулата во НБА: Четири тима пред останатите

Читај повеќе

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Читај повеќе